Новости

Битолски трачарлуци

Предновогодишните забави со колегите поминаја, шо прајме даље?

А што е всушност лидерство, што е раководство, колегијалност? Дали ,,тим билдингО” се прај в меана само на предновогодишни забави кога сите знаеме за дволичноста шо вришти на фотките? Која Европа кои црни камења!

Лежерното понашање на состаноци бил клучниот факт за успех. Ама дали беа овие состсноци пред Нова Година или алкохолот здружува и зближува?Позитивниот однос и реализирањето на тимска функционалност од страна на газдата и шефО кој не треба да биди како кај нас ѓоа ,,канадско” ѓубре кое нашол пет минути власт и труе со сарказам, енергетски вампиризам и се, само не мотивациски пристап. Тука сите се царој, вештаци, се знаат. Квази газди, фирми пропаднати или мали бизниси на кои никако не му трга работата за да го исплатат заемот за нивното почнување и стартот на ,,Холдингот”.
Изглумени лудила, накитени ,,елки”, наконтени, прегрнати и кисело насмеани. Знајме оти лажите, знајте оти лажите. И сите на маса се лажат. Сите се мразат. Зошто ради реда…Не мора да излегувате на предновогодишниот маскенбал со ,,колегите” од Работа. Не мора да сте лицемерни и барем не мора да го кажувате тоа по интернет. Кизнеј колку треба да се напие чоек за да глуми такво лудило!

Такви си сме за се. Продадени души. Само се лажиме, се киселиме, се мајтапиме со овдешниот живот кој го глумиме. На оваа камуфлажа! Не е ова сонот на една младост! Не требаше да биди ваков циркуз. Не требаше ама бидна! Вратете се другари од странство. Вратете се аман живи најмилото. Ќе се збрлајме. Работата не мириса на арно, ако ви личи така по сликите!

GOLD
To Top