Новости

Битолски трачарлуци

Само за празници арни љуѓе сме, после се забораваме!

Помина НАЈпрашањето за периодов:,, Каде за Нова година?”. Е сеа претпоставка како сме си поминале. Ова најпојќе е ваљда за оние ненаситните муцишта створени за алкохол и хедонистички однос кон сето тоа празнично јадење и пиење.

Веројатно алудираме кон оние кои сигурно негде биле за најлудата ноќ, а не знаат нити кај биле, со кој биле, па камоли да помнат како си си поминале. Веројатно ги потенцираме оние кои се далеку од скромниот пристап и скромната трпеза, ами во текот на цела година уназад ненаситно краделе и цицале, па сега се насладуваат на тој ефтин гламур на затреуената им душичка. Епа да им објасниме. Спремања од месец два за вечер шо нема никад да ја паметите. Сепак нека биде нагласено оти не сме скрос од оние хејтери на празничното лудило, забави, собиранки на друштва, али зошто само сега? И додека во светот е ссгде нормална вечер, освен огнометот шо им прска како сензација на огромните плоштади, кај нас едвај се чека Нова Година за да се дружат, да се запознат, да се забавуваат. Далеку од муабетО дека хејтаме кон новогодишната атмосфера, али шо тоа се дешава со останатите деној? Како да многу појќе љубов постои во празнициве, искреност, желби, милостини и пријателства, а после тоа се се заборава. Се забораваат пријателите, желбите, искреноста.

…И не е до џебот. До душичката наша е. Таму се чудата и сите ,, крисмс мириклс” во кои трдба да веруваме во секој нареден ден од годината што ни следи. Среќни празници!

GOLD
To Top