Новости

Битолски трачарлуци

Само кај бајачите работата турбо!

Како да се прајме за другите. Малце ни е шо сме разочарани од нас самите, ами сега и другите шо ќе речат.Ко ќе видиш, поарно да те мразат, него ли да те жалат.

Се глеаш по неколку години со некој тутулебале шо бил ко сте биле мали и ти раскажва кој господин станал, па те прашва тебе до кај си со животот и работата (а знај, не оти не знај али сака да се исСити). ,,Лелее загреота. Ај не се секирај ќе биди”. Во заграда:ни ќе биди ни ништо!

Никој нејќи на арно да те види. Оти тогаш не ти речат:,,Леле браво”, ами ги нема со нурнати глај, освен ако треба пари да им позајмиш.

…И така се се врти околу другите шо ќе речат. Ако си напрајш фризура, и да не те прашАт, сам ќе се пофалиш. Ако се вработиш, сам статус ќе си напишиш за да ги испукаш другите и сосила да изнудиш ,,браво”. Новиот аутфит е за џабе ако не го прошеташ низ корзо и ако барем еден не ти речи:,,Многу убо ти е ова, од кај ти е?!” Зијан си ако не излажиш оти ти е од странство и кошта незамисливи чакати кои тие не можат да си ги дозволат ни на сон. Колата, куќата, имотот мора да се евидентирани кај другарите и пријателите со некое евро (и појќе)од реалната сума. Бизнисот секоАш цути, парите се трошат ко алва и никогаш ,,не ги жалиме”, в банка се оди ,,брендиран” со злато и здравствената книшка е секогаш скриена во ќеса за да не знај никој оти имаш мака и ојш на доктор.

…И се тоа пуфките шо ги продаваме за скапата маска од рачна изработка, има и лоша страна. Оти после можи да не почудат и да не боли глата. Али затоа леко е пет пари кај нас и уште постојат бабичките и женичките шо ќе ти забат од почудиште. Исто така, си чуваш и задолжителна крстена вода, па после лагите шо ќе ги изнатрескаш ќе ти завидат, па трчаш дома да се запрскаш со крстена вода и сам си велиш:,,Ту ту машала!”

…Не оти е за машала работата…ама ај!

GOLD
To Top