Новости

Битолски трачарлуци

Св Валентин – вечна патетика!

Ајде сега на сета омраза, лицемерие, неверства, швалерај на велико и ниски удари, да се испуфкаме и сакаме барем еден ден.

Жените едвај го чекаат овој момент, особено оние младите девојки кои за прв пат имаат долга врска и конечно дочекале ноќ на св. Валентин.

Епа вака девојки стојат работите: Жалам што ќе ве разочараме, ама наша обврска е да споделиме оти светот е суров и не е така црвено бел со мечиња, зајчиња, срциња и патетикосвања на вечерниов дејт.

Љубов е кога секој ден го славите денот на љубовта. Гледајте што се случува на околу. Секој на секого сака да му подметни нешто, да го излажи, да го фрли зарО и да го снема без да му е гајле оти ,,пуздер” остајл зад себе. Поделени сме на левици и десници, ако си од башка партија од љубовникО, девојко, совреме фаќај патО Германија, на брод..уствари не.. И бродојте не се безбедни. Девојко, светот не е класична бајка и приказна како на денешниов ден. Која љубов, кои бакрачи? Овде се има, но нема љубов. ,,И да зборувам на сите ангелски јазици, штом љубов немам ќе бидам како кавал што ѕвечи..”

Ама само така велат. Овде се зборува на многу јазици, но тие не се ни човечки, па камоли ангелски!

Да не излегваме од темата (иако се си е то поврзано) и да не ти го зафркнуваме филмот, дотерај се вечер девојко, ама со резерва со гаџето, ум во глата и пази со штиклите, оти не чинат улиците баш!

П.С.И провери го мечето шо ќе ти го подарат да не е од Али експрес оти и преку пратките вирусО вајчал!

GOLD
To Top