Новости

Битолски трачарлуци

Сехи модерна мамички в теретана!

Му доје редО и на оние „набилданите“ секси мамички шо често ги посетуваат теретаните, фитнес центрите и слично. Набилданите или пак поточно со желба за билдање.

…И ќе ги видиш, ќе влезат в теретана со едно кило шминка, зациментирани со пудра, трепки и фризури. Стегнати хеланки, марка тренерки, патики во шо повпечатливи бои и дизајни. Па клале на рацете некои стегачи, за да не му лизгале рацете дури креват тегој. Фала Богу креват најслаби. А да не ги забораваме и андроидите кои уште од дома им се спремни за сликање и клавање стори на инстаграм. Прво, седнуват на муабт и кафе пред теретана со тренерите. Обично пушат цигари, оти многу здрави биле пред тренинг, а и после тоа, и баш во склоп со темата за здрава исхрана му се. Да се пукниш од сеири пукање. Ваквите грижливи мамички, можат по цели деној да останат в теретана и да зборат за децата кои „бај д веј“, ќе ги заборат негде во некоја игротека или ќе ја наместат свекрвата да им ги погледа тро.

Вистина жената треба да олабај малку, али денешнава очигледно ја претерва бате! И по цел ден се клантат низ теретана. Три пати ќе напрај вежба со најмалите тегчиња шо ја гледала на специјална програма на интернет, ќе попрај десет стомачни, ќе се задиши и оп… Време е за сликање. Ќе се стега и мести пред огледало, ќе се муцури со муцлајте, ќе го ескпонира деколтето и ќе провоцира по социјалните мрежи со нејзинто витко тело кое е направено само од јадење на салати, зеленики, крастајци, многу малку сос, избегавање на соленото сирење, пржено, внесување на протеини и протуркување на исхраната со помош на некои енергетски хемии и глупости кои модерните „сехи мамички“ ги голтат за да изгледаат во топ форма човечеее! Масти никако, што помалку јаглехидрати, а тортата е всушност самото олицетворение на ѓаволот. И така загладнети, истоштени, али дотерани и себични кон нив, децата, сопрузите и општетството, продолжуваат да се гледаат пред огледало и да се обожаваат на начин што баш и им е гајле дека сега ние малку ги испровоциравме!

Хммм …. Ок, за муабетот авторот оди по едно парче чоколадна торта. Нека поминат празниците, па после прво се купва спремен марка вежбачки аутфит, чиј шопинг може и да потрај и после се превзема работата в теретана! Само уште едно парче торта!

GOLD
To Top