Новости

Битолски трачарлуци

Современи домачици

Современото опШесво налага појавување на т.н. современи домачици. Е сеа питање е шо прат тие и шо му се дршава во Умо?! Ако напрајме една строга поделба, би ги категоризирале во: современи домачици -жени и современи домачици – мажи. Оние т.н. ,,мажи”, се типови на хормонално искулирани женишта, не за друго, ами оти џебО им е длабок. Нивниот или на маженцето. Тие се секогаш дотерани, имаат време за фризер, шминкер, педикирче -медикирче, лабаво в кујна оти имат слугинка, лабаво со децата оти имат дадиЉка. Нив можи да ги видиш напукани в хеланка али фармерка кај шо ја туркат количката и пијат некои чудесни коктели и кафиња кои само за нив специјално се праени со екстра зарзавати. Е овие другиве, домачиците-жени се нешто сосем поинаку. Тие се хормонално напнати, секогаш се во ПМС, го гледат само проблемот, а ако истиот го нема…жени се. Ќе го најдат и ќе го напрат!

Несредени се, немат време за работа, не се баш нашминкани, петарда се во косите и кал во ноктите. Само едно ме чудат овие женчиња. Цел живот пекале за ова. За брак, за деца, за да бидат домачици. На крај кукат, се жалат, немат време за себе, за децата, а камоли за мажО. И едно е шо се трујат сами, меѓу себе, али зошто да ги отрујат и другите? Рилекс малце. И освен то, толку многу се прат као нешо да виделе и постигнале во животО, толку многу биле напатени и со проблеми, шо другиве едноставно ги дискриминират. На пример, ако госпожата женче е трудна или има две деца, веднаш е гледана со разбирање и дискретно сожалување, а овие другиве кој ги тркала. Тие можеле да се снајдат. Сами се, уште се кај мама и тато, друго било брак! И секогаш, секогаш завршват со муабетО:,,Уживај дури можиш! “

GOLD
To Top