Новости

Битолски трачарлуци

Суеверие, адет, традиција или глупост?

Суеверие, адет, традиција или глупост? Некако се појќе се верва во некои работи кои нити се докажани, нити пак ќе се докажат. Никој не знае зошто, но верува. Можеби технологијата оди напред, ама за некои работи, салам отупваме. Некогаш не знаеле да си ги објаснат поимите, па верувале во сешто, но сега за се има објаснување, ама не ни се трудат да го побараат.

А и што ќе ни е да ја знаеме вистината? Полесно му е на човек да верува во било што, отколку да се разочара дека нема ништо. Дека тоа во што верува и не баш постои, освен во неговата глава. И покрај рапидниот свет на откривање во однос на технологијата, индустријата, физиката, науката и психологија, се уште се верува дека бројот 13 е баксуз, дека црна мачка на патО е инкер и сеуште од поколение на поколение свекрвата на снаата му тврди дека штом ќе се купи лебот од продавница, прво се крши краешникот и така се остава во висач. Адет било! Се дури не се открие вистината оти прапрапрасвекрвицата немала место во орманО за цел леб, па зато краешникот го кинела, али кој да праша.

Па кога подобро ќе размислиме  што има воопшто да се прашува, да се мисли, констатира, испитува и докажува. Адет си е адет. (Иако некој и не е). Се уште ако се расипи сликата на телевизорот велиме „Од таму е!“ А од каде е тоа од таму?

Суеверие, адет, традиција, претпоставка или глупост?

Евротип
Евротип
To Top