Новости

Битолски трачарлуци

Тие со камења, вие со локумчина!

За сите сингл девојки… за сите шо се думат дали правилно постапуваат и го изврале она што треба.
Немој да ве лажат оти ова не е филм, дека многу го имате гледано ,,СексО и градО” и сеа се понашате ко да сте Кери Бредшо. Ова овде шо се дешава ги зафркна сите режисери и сценаристи. Така да ако сакате да се понашате така, да ќе си го направите своето. Ако ви е убо и милувате да уживате во друштво на пријатели, непријатели, влезенковци, црни и бели..згрешени и подзгрешени, да го направите сето тоа. Не сте ни свесни колку е се кратко. Ако сакате да посетувате локали, театри и да се луксузирате ко на филмојте, да направете го тоа! Ако ви е убо да се возите со чопер на некој тип во три сабајле, и да ја слушате на цел глас музиката од Pulfiction, ич око да не ви трепнува за комшивката шо рекла и како кажала. Ако сакате да се носите екстремно екстравагантно и сте една од посебните ретки модни креативци, не се срамете од вашите дизајни и гордо испарадирајте низ Корзо пред кабадаите. Ако ви се дотерва во Среда, дотерајте се. Ако ви се излегва, излегувајте. Ако ви се љуби, љубете. Ако ви е смачено, свртете нов лист и олабајте. Ама никогаш не паѓајте. Прекинете да бидите роб на познатиО у задње време битолски шалабајзерски муабет:,,Многу ме напнуваш чупе!” и прекинете да одите по строгите правила на тој прв да се јави, јас не. Мажите сакаат храбри жени, цврсти, јунаци, но и се плашат од нив. Арно ама стално заборават оти зад секоја жена се крие тивка емоција која си плачи внатре во душичката и се стега за се и свашта. Дека секоја жена пред, за време и после циклус е депресивна, неурачунлива и му иди да ги убие сите. Не му текнува на никој оти се хормони во прашање и оти горе – долу недела дена ќе ја имаат вистинската таа. Бидете со тој шо ќе ве запознае како цврста и храбра и шо ќе ве фати гордо за рака, иако ќе се плаши. Ама бидете и со оној кој ќе ја препознае и открие таа ваша нежна емотивна страна за да има кај да падните. Прекинете да ги одбирате ѓаолите и да се занесвате по кабадаите шо само лошото од вас го вадат. Бидете со оној шо ќе ве сака токму таква каква шо сте и ќе го извади најарното од душиката ваша. А во меѓувреме, олабајте си и прајте шо сакате. Оти и така и така ќе станите дел од мамичките еден ден. Нема потреба од брзање и секирање… Само уживајте оти се и така зафатено е негде во неповрат ај да речиме…па лево.. Се и така е плитко, ниско и злобно. Вие само дајте им локуми на тие што фрлаат по вас со камен. И уживајте баш така како шо вие милувате. На крај врти сучи тој е муабетО:,,Не дозволувајте да изгледа дека сте живееле за џабе! Макар и во оваа чудесна ооо чудесна земја!”

GOLD
To Top