Фејк аплауз и самосожалување!

Политички циркус, не само на малите екрани и во онаа вистинската политика шо ни влезе и в спална, ами циркус и меѓу пријателите, познаниците, па дури и оние шо прв пат ги гледаш.
Секој сака нешо да се напрај еди си кој е, колку има на сметка, колку е тој моќен и најскапо дотеран. После ќе си се изнафали за то колку порано бил напатен чоек, пребродил криза, тешко му било… И тука иди моментот на самосожалувањето кое задолжително треба да биди поткрепено со сожалување од наша страна и муабето: ,,Море загреота…” И туку во истиот момент:,,Ама сега, браво! Алал да ти е!”
Сите бараат аплауз. Сите живеат овде од браво. Сакаат да се пофалат за шо било и тро да го избојадисат муабетО, да се претстават ко најарни, предобри, душички. А само во наредниот момент им се гледа дволичноста во душата сакатура. Дволично ќе го изоговарат првиО шо ќе помини, ќе му ја кажат целата негова брачна состојба, финансиска, работна и матичниО ќе ти го кажат. А сега пошо е модерно и е така дојдено, ќе ти кажат и од шо партија е тој некој непознатиО шо тебе ама баш ич не те занима.
Аа браво! Алал да ви е, али после овај лажен фејк аплауз, ни на сон нема враќање на бис!
