Новости

Битолски трачарлуци

Хаос паради и контрапаради

Такви си сме. Контраџии. Протести и контрапротести. Дебати, расправии и кoнтра расправии. И дури едни во бои на виножито или во бои на прашкото од дома се гордеат за своето лудило, другиве контрираат и оро играат за инает. Само кај нас има една слика и контра слика. И стално е муабетО, не би смета ништо АМА. Контра сите. Држава и контра држава. Само поделени мислења. И ок, сегде се поделени али кај нас се тоа е некако расплискано, експонирано, раскикотено. Се ко да се прај за инает на некој, се контрира.. ,,Ахаа виде шо му напраајв!” Нити против едните нити другите, само гледам чудим и за сите контраџии и на ова, добро бре чоечиња барем на фб олабајте ги страстите. Толку гнев, кочијашки однос, вреѓања, ефтино,ефтино..преефтино. Не боли колку сме ниски. Али тие нас ќе ни кажват! Море бе! Белким ајкјутО не ни е до толку! А? М? Зошто толку револт? Што е тоа во луѓето толку тажно…?!!

GOLD
To Top