Новости

Битолски трачарлуци

Шо на ум то на друм!

Многу би било јако ако бидеме комплетно искрени меѓу нас. Шо на ум, то на друм!

Замислете еден свет во кој апсолутно никој не ве лажи за ништо. Дали во тој случај понекогаш вистината ќе боли како што сега многу чето се случува или можда до толку ќе се навикниме на неа, што ќе ја прифаќаме апсолутно нормално. Во тој случај што би се случило со етиката и нејзините етички неопходни лаги?

На пример излегувате на прв „љубовен“ состанок и веднаш партнерот ви вели отворено дека не е баш заинтересиран за вас, дека не изгледате баш ок и не ги задоволувате неговите критериуми, али ајде веќе се фативме за оро. Во, случајот и светот на кажувањето на вистинските работи, замислете не смеете да се налутите и морате да продолжите.

Ќе боли голтањето на вистината а?

Замислете си дека секој збор кој ќе го кажете ќе подлегнува на критика, кој понатаму треба да биде исфилтриран во самоанализирање и себеспознавање. Е ќе боли. Оти реално гледано, само згора – пеку се знајме самите себе си, па камоли другите. Би пцуеле на секој чекор и зависта и љубомората не би постоле доколку би се кажале в лице. Нема да се интересни! Омразата исто така ќе биде само уште една мерка на претпазливост оти ќе знаЈме точно од кој да се пазиме. Ќе ни биде јасно укажано на тоа.

Политичарите ќе кажуваат на глас дека не лажат и една нивна реклама би звучела: „Мораме да речеме дека ви гарантираме се, дека ќе направиме се колку за да гласате за нас, ама реално кизнеј како ќе не мани точката ко ќе ја видиме фотељата. Наше е да си кажиме и да не ве лажиме. Играме со отворени карти и одиме на ризик. Како ќе не штракни, не сме баш сигурни и не гарантираме! Гласајте за нас!“

Комерцијализиранте реклами би оделе пак нешто вака: „Нашиот производ го измисливме само за да се збогатиме. Баш и не не интересира дека е многу скап, ама ете сите се фаќат за оро и го купват. Видете пробајте си. За гаранција не гарантираме, ама вака ко шо велат, арно е, се фалат луѓето од функционалноста! Само со нашиот производ ќе можете да го постигнете тоа што го сакате, ама да си принаеме може и работата да оди во обратен правец! Без гаранција! Играме отворено!“

Во цела отворена игра, збрка нема да има. Сите ќе бидат јасни и гласни. Нема да има заткулисност и ќе знаеме што да очекуваме. Барем да играме со отворени карти! Без лажни гаранции и ветувања! Гласајте за нас и новиот проект! Ваше единствено министерство за туѓи гајлиња.

GOLD
To Top