Новости

Битолски трачарлуци

Шо прај уствари битолчанец во карантин?!

Спиев и отварам на фејсбук… Корона, 3-тa жртва во земјава, принцот Чарлс заразен, земјотрес во Загреб, земјотрес во Русија…се очекува Цунами… А шо велите ние да почниме да си ја спремаме арката?

А? ФамиЉарно вака! М? Не ме слуша никој, а? Седам в соба во моментот и сите дремат..поминват пет минути во ќутење и конечно еден ,,милозвучен” глас во ПМС ми вели: ,,Ај ако сакаш потивко трепкај со капаците на очите!” Жена ми. Некогаш секси, сега во карантин. Доволно е објаснето!

Не ја берат блузите за низ дома, а и маската за заштита од Ковид 19-ка почна да ја стега! Постојано си ги пробва фустаните и ми се дери: ,,Дебела сум, ништо не ме собира појќе! Кога ќе заврши ова да си почнам пак на кик бокс?!” -Не бе злато, баш си убавка! Ќе заврши уште некој ден!” Ко синкир јас го напрајв вирусот! Од кај знам кога ќе заврши! Сакав да и речам: ,,Ене во визба имам лабараторија и ја спремам вакцината на тебе да ја пробам прво! Ама ај си поќутив! Кавгите ги чувам за крај! Ко ќе се дотанчат нервите!”

Детето (поголемиО) шо го има стегнато јако пубертетО и мириса на мозолка низ дома, седи пред компјутер и штотуку стана админ на група на фејсбук за штрaјк против образовното ,,насилие” да се учи од дома ,,Онлајн!”

Татко ми  цирка 70 години дреми пред телевизор и слуша којзнае кои по ред вести во денот. Цел ден исто, цел ден пресој, вести и плука: ,,Пу јазк! Шо не снајде! Да не мој чоек воздух да земи!” Мајка ми, (исто годиште) одма во другата соба на цел глас ја пуштила ,,Истанбулската невеста”.

Еднио – 5 години. Машко дебело дете, мое производство (така велат) ми скока над гла (само ко ќе ми текни оти 5 дена пиев ко се роди), а другиО в дубак една година машко и тој мое производство ( и за него така вели тА со трепкањето). То ме гледа и ми вришти в лице: ,,Ааааааа!!! Аааааа!” Шоооо ни требаше ова третото, си велам во умО и во моментО ми текнува дека баш таа ноќ ни ја секоја струјата. Темница беше, ладно, се покривме и…То е!

Јас работам он лајн на компјутер во меѓувреме, а моментално сакав да ја искористам паузата за да видам со есапО до кај сме, кредитите, дуќанО в чаршија шо го капарив пред месец за бутик оти некој сакал фенси алишта да продава, а сега за бадијала си течи киријата. Му реков не е убо време сега за бизнис, ама ме фати неспремен со Ногу убав градник еднаш ко си идев од работа.

,,Аааааааа!!!” – Дај прибери си го овај син ти, не глеаш дека работам!

– Аххх еве го мојот прес има! Браво јуначе! ” – вели баба му на ова шо вришти во моментО, она шо ми се качва на гла и то другото шо мириса на мозолка! ,,Јас овај да го гледам?! Абре дали е овај за гледање и слушање! Мршш!” Му реплицира дедо му на ,,овие”, (три биле, сега јасно ми станва)! ,,Ами твојте поарни да се!” И така си тера кавгата актуелна едно 20-тина години во секоја македонска куќа. После ова, мајка ми ко доста витална пензионерка му ја зема командата на мажот му и пушта на цел глас телевизорО, а овај за инает како современ пензионер до даска ги прицка ,,Некст тајм” и пеј:,,Слушам кај шумат шумите!”

– Тоалетна не зеде МОРЕ! – се дери милозвучнио глас од кенефот, додека во цел тој хаос, овај викачо се дрецка в ѕид и ја повторва постапката дури јас тонам во агонија и сфаќам со кои Љуѓе живеам! Сакааам надвоор!

Излегвам на балкун на тутун, чадам цигара, плукам од балкун и ми текнува оти од асфалтО фаќал вирусО. Е сеа дури ми станва јасно како. Лоша навика, ама бе се берат балгами. Цело време се труби за хигиена, ама пуста навика да се ‘рка и плука на улица не се искоренва така лесно… Ауу (гледам од озгора, ами ова многу зелено е.. Поојќе да не фати вака?!) … Па и овие рацете, рак на кожата ќе добијам од миење и триење! До кога треба нив да ги миеме?! Да му се збоктиса на чоек.
На нејќење се закашлувам и пиемесО трча по мене да ме дезинфицира, детето вришти в дубак и смрди, смрди… се искакал! Нема пелени, а 9 сато е. Полициски час! Пелени утре по ладо!

Ова мозолката бара пари, си берел за после карантинО ко ќе излегва со другите тинејџерски суштества! Другио се пентери по столици…Сите излегват на тераса… Мајка ми и татко ми со кавга за левица и десница се бркат низ дома. Ситуацијата кулминира! Ситуацијата ескалира! Жена ми ги затнува ушите: ,,Јас ќе се преселам на месечина!” Излегва татко ми нервозен и вришти на балкун: ,,Денес над Македонија се раѓаааа!”

А јас си думам во умО: Е сеа ако пцојсам од инфаркт, нема порезил! Издржи! Издржи! Издржи кабадајО! Ќе те зборАт после!

П.С. Текстот е наменет да ве насмее во овие тешки времиња! Сепак, да размислуваме позитивно и да ја гледаме ведрата страна…можеби и трагикомичната!

П.С.С. Во меѓувреме, пет минути после пет часот наутро…

GOLD
To Top