Новости

Битолски трачарлуци

Што би се случило ако лажењето не би постоело?

Што би се случило доколку не знаеме да лажеме? Замислете само еден ден ко Џим Кери во филмот ,,Liar liar “. Што би рекле? Како би се однесувале? Со кој побрзо би се скарале? Кој прв би го налутиле?! Замислете, станувате едно утро и одеднаш се ви е преку глава. Ви се смачени дури и оние најситните етички т.н. бонтон лаги и онака лежерно си почнувате.

Комшијата: ,,Добро утро комши!” Вие:,, Беај бе лажов еден! Илјадарка ми борчиш месец дена на улаф се прајш!” – Ама комшија… Вие:,,Мрш! И инаку жена ти има швалер. Прати малце шо се дешава!” На работа. Газдата:,,Шо е ова доцнење?!” Ти:,,А па да не мислеше ми пукна џигеро за тебе! Изгорев да дојдам на работа…Око не склопив цела ноќ! Беј мани ми се, немом да те сварам! И освен то, оти вие пак платата ја доцните?” Газдата:,,Ја доцниме ама пак доаѓа платата!” – Епа и јас така де. Можи подзакаснав, ама сепак дојдов на работа.

Иди шефот:,,Шо се случва тука?!” Ти:,,Мрш тамуу… Пет минути сколија со се одморо ќе ми расприкажваш. Оди научи се да збораш прво глупердо една!” Газдата:,,Да не сакаш да кажиш нешто:,,Сакам. Не можам да ве сварам. Ама неам друго чаре зато трпам. Иначе тие пари на царО кај шо оди пешки не му стигат!” Колешката:,,Колега шо ти е?! Внмавај шо збораш! Ќе те отпуштат!” Ти:,,Ќути мори чавко една досадна! Љубоморна си, несфатена, кичеста, конфузна, злобна и бркојте редно е да си ги подиздепилираш!” Газдата:,,Отпуштен си!” Ти:,,Е веќе. Јаката форма ме отпушти!” Одиш на бакал. На продавачот уште ни добар ден речено. Ти:,,Пред да ме излажиш да знајш оти цело време знам оти ме лажиш само упорно ти го тепам филмО! И дај жити најмило насмеј се, послужи ги муштерите ко шо треба. Не не прај будали сите наоколу!”

Ти се јавуват на родителски за детето. Ги клеветиш и пцуеш и го оправдуваш син ти. „Шо сакате да прај. Нема време да диши од шо го напнавте за домашни и шо се тие скрипти и учебници копирање и купвање? Сите лажите и крадите. Срам да ви е. “ Дома:,,Дај помогни ми околу местењето на масата” Ти:,,Не можам и не сакам. Ме мрзи!” Ќерка ти:,,Постојат навистина принцези и принцеви нели?” Ти:,, Не. То ти е драпологија на Дизни и некој друг идиот. Тие намерно се смислени за да ви го прат животО полесен и поубав. Принцезите се обични ретардирани пуфли на мама и тато или тешки спонзоруши напраени на фотошоп. Принцојте не постојат. Само коњите идат, а овие се запиват и се дрогират во некој стриптиз бар или ефтина дупка картаџилница.” Суровата реалност е таа и понекогаш поубај се етичките лаги. Замисли вистинска заменска форма на најклишето муабет низ корзо:,,Да се видиме. Ај ќе се видиме кафе да прајме се заборајвме. Кога? Ами ќе се слушниме!” Фала богу никогаш не се слушате. Нити пак ќе се видите. Искрено би било вака:,,Едноставно не ни оди појќе другарството. Не треба да се гледаме и не мора толку муабети оти досадна си ангеле мангеле то пато. Шо не се јавиш ти? Уствари и не мораш. Доста е. И ќе забораев…Од секогаш ти била лоша шминката и многу си дебела!” Потаму:,,Срцкаа…” Абе каква срцка лигајчарке една…

И тако даље..така наваму и натаму.

П.С. До душа само шо се напиша текстот, некако на душичката ко да му подолесна, па камоли во пракса!

GOLD
To Top