Новости

Битолски трачарлуци

Ако не беше пандемијата, никогаш немаше да ја ,,извадите” маската

Ако не беше пандемијата, никогаш немаше да ја ,,извадите” маската зад која се криел бес, фрустрација, егоизам, злобни луѓе. Цело било кога има се. Не сме биле цели додека не ја ,,извадивме” маската.

Истите Љуѓенца шо се понашаја в кафани и фрлаја ѓаол и пол кркачи на софра, частеа, се пуфкаЈа, сега за истите меани во кои баш тие биле инвентар, велат:,,Арно му се прај шо ги затворија! Да видат како е!” Истите тие ,,лажговци” без ногу ногу мислење го отвараЈа ќесето и џиткаја пари на певалките, пејачите, музиката. Сега велат: ,,Арно му се прај! Да видат како е!” Истите тие шо велеа ,,Браво”, сега велат:,,Е не било лесно во наша кожа! Да видите како ни е!”

Која кожа? А лошо ли ви беше?! А и да ви беше, треба ли истото да му го посакувате на друг?

Истите тие, шо трошеа за кафиња, во ресторани се праеаЈа најголеми ,,дегустатори” се чаламеа, сега велат:,,Арно му се прај!” Одеа на театар, на кино и безрезервно му се восхитуваа на актерите, на естрадата, на уметноста. Сега, знајте шо велат!

Тоа не било восхит, ами завист! 

Истите тие се ,,ситат” на туѓата мака. А добро бре луѓе, на што ,,се ситиме”?! За шо ви е криво?! Имате талент?! ЗнаЈте да пеЈте? Да глумите? Да водите ресторани, да сте келнери, шанкери, пеЈачи…? Ако знаевте, бурда микрофоните, сцената, четката за сликање, апаратот за фотографирање, ајнцерот… И бидете тие!

 

,,…Имале турнеи, праеле пари. А од кај му е она куќата?! Од кај толку пари. Оре оре се изналапаја, сега да видат како е! Шо не си штедевте?!”

А од друга страна, организиравте свадби, ги полневте кафаните. Велевте:,,АлаФ да му е на музиката!” Се боревте во тој лажен ,,престиж” за кој ќе купи најубав костум, фустан, порачвавте кетеринзи, договаравте најЈаки студија за сликање, и ѕрцките му ги вадевте на фотографите само за да сте биле ,,пицикато” на слики. И ги фалевте, ама вас сега кој да ве пофали! Одбиравте меани за да се покажите пред гостите. Како тоа сега ништо не ви чини? Ако знаевте шо не си пеевте сами на свадби? Шо не си готвевте од дома? Шо викавте кетеринзи?! Шо не се сликавте сами и кој ѓаол ве тераше толку бакшиши да му давате на музика и келнери?! Лажевте! Сега барем сте искрени!

Само едно би констатирале:,,Живееме во мизерен свет на егоцентризам. Злото очигледно надваладеа со доброто.” 

Грозно е и болно е да го сфатиш концептот на светот кој бил како од приказните и ликовите биле поделени на лоши и добри! Само шО во нашиО случај и Пепелашка и СнежА и Пан станаа ,,лошите”.

Зошто споредби?! Зошто љубомора? Зошто ,,да видат како е?” Зар не ве воспитувале поинаку?! Сега секој има пристап до интернетот и пандемијата ви ја отвори душичката и цел лошотилук, фрустрација и комлекси се турват како старо, али ,,скиснато” вино во коментари, статуси, критики, омаловажувачки пристапи, сукоби, непоткрепени и некадарни дебати. Се претворивме во квазиинтелегентен свет кој знае само да критикува.

Пандемијата еден ден ќе запре, ама вие си ги покажавте рогојте. Шо прајме понатаму?!

GOLD
To Top