Новости

Битолски трачарлуци

А се спомни карантин, одма на ливада ви текнува!

А кајче требит? Зш да не требит. Пубо ќе весламе него ли дома ти!

…И вистина послушавме, да се наткрени турузмО треба. Се крена селскиО туризам, планината заживеа, ливадите, викендиците, ќе се крени и ,,ЕзерскиО”. Се крена и се слушна и џагорот на децата по паркој… Позитивните последици се оти тие конечно ги баталија компјутерите и тргнаја да играт на улица. Оти?! Оти забранетото овошје е најслатко!

Омраза во народО, нетрпени, страв да ти е чоек во униформа да видиш,та цајкан, та доктор! Сите со различни мислења и толкувања, дали било лага или сон или јаве, али сите со маска. Си ,,блендираме” низ Корзо ако видиме оти од погоре казни пишат и шибаме надолу! И се преку ,,влезо од кај Чкембарите”! Се преку авлија или на калач! Никогаш ништо не поштоваме и стално наоѓаме начин да ескивираме. А за на социјалните мрежи, таму први сме се живо и диво да испцуеме и исколниме!

Не знам…Па можи и се навикнавме вака да ни е лабаво… Кајма поубо, ко една врска да фатиш и ќе имаш работа, казната ќе ти биди избришана! И тие рает и ти рает! Палатата на правдата си крцка со ,,Спокојно момчета, сичко ше си дојде на ред! (Или как се казваше, не знам батуле!) ..и се фрлат прслуци и гашчиња! “, а ние вистина си кулираме и слушаме со бугарски в џеб, па сеа наши биле, не биле.

Сус таму! Све продаени души одамна сме! Барем да си признајме и да си тераме вакви некакви или никакви! Такви сме! Збунети! А вакви ко шо сме, за нигде не сме! … А и да сме, ни ги бапнаја портите! Сеа сме ние тие шо му ги затвараја рампите од Дулие сине!

GOLD
To Top