Новости

Битолски трачарлуци

„Душата ми излезе! – Единица мерка за премор!“ – Балканизам на ,,Хај Левел”

Сите од светот си имат фрази во кои си ја пронаоѓаат некако живејачката, стилот, градО или селото шо сите си ги носиме. Али имаш светО и балканО. Е сеа, песМата оди, шо јужние то тужније, али…

Како и да е, тера вара тие сме, такви си сме, а такви ко шо сме, одамна е кажано оти за нигде не сме, па еве да си споделиме неколку фрази, муабети, твитој или констатации за кои би рекле оти станва збор за ,,Балканизам на хај левел”:

– Ако не е тајна колку те плаќат ваму?

– Во Короната… реално: „Ќе пушташ чорапи, гаќи и маските да ги клам в машина?“

– Стално знајш кај е на акција тоалетот и пивото. И знајш оти тие се најважните две работи во животО. И ко ќе ти се плачи и ко ќе ти се смеј!

– На врата на гостите на бегање: Е оти бегате требаше да си посејте!

– Не оти ме интересира, ама неуба работа скрос!

Познат твит: Душата ми излезе! – Единица мерка за замор!

В теретана се сликаш, не вежбаш! Единица мерка за здрав живот.

Мораш да се имаш помирено со Васко жабата ако си од Авде!

– Ко ќе има земјотрес трката кој ќе напиши прв на фејсбук оти ,,здрма”, е еднаквопропорционална со најчитаната вест од Њујорктајмс.

-Се плашиш и за то шо треба и не треба! Најмногу од промаја!

– Не си од балканО ако не макниш од салатата и не ја напрајш пајнцата ко од машина излезена.

– ,,На по едно”, секогаш е метафорично кажано, скоро и да не постои и стално се враќаш пијан.

– Бурекот е стратешки партнер со алкохолот!

– Со убо со комшите и полека со камерите!

– Прво оди ракија на гладно со салата, после оди пиво или вино со прасе, скара, јагне, десерт и на крај дури се почнува да се пие!

– Сите мразат политика, а сите книшки имат. Учени на „чекање“.

– Хешјташ фолк и турбо, а прво седиште – прв ред имаш за на такви забава.

– Ако не ти текнува шо е телевизор кој работи со чукање за да се врати сликата, не знајш шо е убо детство! А па ако не го знајш изразот: „Сврти ја антената на кај Тепавце“, тиктокер си, не влечиш за на балканУ!

– Будистите ко ќе лежеле, било нирвана, а ние на троседО ако лежиме, сме биле мрзи!

– Не си од овие простори ако едвај не чекаш да се збогатиш од ништо, само за да речиш:,, Е…ти парите е…ти, само ние да сме здрави и живи!”

… Али ипак живејш на тој хај левел, иако знајш, (ко шо негде прочитав, цитирам: „Една година живот тука, е еднаква на седум чоечки!“

Евротип
SNBROKER
To Top