Новости

Битолски трачарлуци

Битола – за момент те замислив во ваков колорит, но потоа се вратив

Стара Чаршија. Обичен чоек, уморен граѓанин… Чоек шо си го тера филмО Битолски со години и си верва оти ок е се, и се се решава со кафе на Корзо, бизнисО од кафана излегва… Филмо Битолски со малку друштво, убА музика, многу пријатели, френдој. На парче рајат во темница, палам тутун. Као пушач, некогаш не знајш ни зошто ти е тА цигара! Ваљда онака колку да го избркаш ,,чистиот” воздух или да ги избркаш проблемите.

Шетам со некоја чудна разочараност и како цел свет над гла да ми е застанат, ко фрустрација, притисок и психолошка неиздржливост шо уствари се емоции кои ги имате сите вие и сите ние заедно. Да не се лажиме. Секој втор ден, ако не и секој. Проблеми за сметки, работата, фамилијата, политиката, пандемијата…Бла бла! Цигара? Да благодарам.

А пак и што! Што ми фали, а што ви фали пак вас?? Што ни фали драги мои?!

Живееме во паралелни реалности, во некои множества кои ги прајме да се случувАт само и само во тој виртуелен круг на осцилација само околу нашата оска што во случајов завршила пред компјутери и смарт телефони. Во затворени кутии се мразиме, се колниме, злобни сме, љубоморни. Младите ни станаа алкохолочари, брзо се откажват од факултети и трчаат да чистат клозети во странство. Зошто? Оти им се сака ли?! Оти ни се сака ли?!

Шетам низ Чаршија драги мои и ми текнува оти од овде дедо ми со Пајтон врвел и песна пеел. Онака кабадајски… Ми текнува оти се слушале гитари и се некако…светот имал малку појќе боја. Шетам низ таа Дембел Чаршија и гледам…

Гледам пиплива тишина. Тажни приказни со нурнати катанци и затворени излози. Нема боја… Фали боја. Фалат луѓе да стават боја над овој град кој изгледа не не заслужува. Изгледа стварно не не заслужува!

Во продолжение, видете како тоа мојот ,,филм” го изрежира. Ова се фотки од некои најколоритни места во Европа. Рандом од Pinterest, (не баш рандом ради намерата) Не е за очите, за душата е. После нив, само за момент изрежирајте ја оваа моја себична ментална проекција, но пред да ја обоите Битола, дајте им на душите малку боја.

П.С. Моментот кога ќе заминеш, кој и да си, каде и да си…Никој нема да знае! Нема да знам ни јас, нема да знаат ни тие, но Битола ќе знае…

Евротип
Евротип
To Top