Новости

Битолски трачарлуци

Битолчанец јавно се обраќа до сопругата: ,,Фудбал ќе се гледа, а на даЉинското има бодликава жица!”

Некаде прочитав оти гледањето фудбал за мажите или доживувањето шо тие го осеќАт ко ќе гледат в телевизор е рамно на секс. И вервајте, вистина е! Да се надоврзиме, стапката на разводи низ светот за време на Светско е најголема!

А воедно… И да се потсетиме:

Јас лично јавно се обраќам кон жена ми:
– Ако се гибни командата (даљинското),
да си знај сопругата шо не е заинтересирана Ногу околу овие евидентно ,,уметнички” претензии, оти бодликава жица има околу него и струја фаќа, ќе Те здрма.

-Колумбо ја открил Америка оти немал жена, ама и да имал, биди сигурна оти немало да ја послуша. Шо значи џабе се џафка за време на фудбалО.

– Не, нема да се исклучи телевизорО оти како да ти кажам… То е квантна физика! А фактот оти пешки можиш до Австралија да одиш е исто толку неточен колку шо ти можиш да се испафташ пред екранот туку – така. Макар и гола!

-Местото на каучО е облежано и строго забрането за било какви активности, играње со децата, покажување на нивниот темперамент, насилно фрлање на играчки, скренвање внимание. Си има други соби во куќата за тие работи, а си имат децата и баби и дедовци.

-Еднаш ти нацртав шо е офсајд, рече дека разбра. 50 пати ме праша од тогаш. На 51виО, можам да бидам многу дрзок. Особено ако дат гол ,,нашите и ти оТпосле да излупеташ нешто такво во стилот: ,,Аа не! Офсајд беше!” Ќе викам колку шо сакам и пожелно е да се тргнат сите тие украси и дрнгулии околу мене оти не дај Боже можи да настрада вазната од баба ти во чеЈзо шо ти ја даде.

-Не ме чачкај, не те чачкам. Пред време да ти одговорам на твоите прашања шо ти идат да ги поставиш најчесто за време на фудбалски натпревар: Не, Бекам не игра појќе! И голманите играт по куси гаќи! Не си дебела! Децата ќе ги земам од градинка и од училиште! Ќе зборам со класната! Ќе му објаснам математика на детето! Ќе станвам навечер за бебето! Ќе ти ги спружам алиштата, ќе ги измијам пајнците! Немам друга! Не ми пиши никој! Многу те сакам! И сето то ќе го напрам после фудбалоттт! Т!

-Успат пред време убо е да ти кажам оти ѕирнав во календарО, баш тогаш ќе си во ПМС. Не паѓам на провокација, не си барај кавга! Не си ти крива! Кетоналите ти се в Фјока, чоколадата се на вториот рафт во висачите.Ти купив 5. Пивата не ги гибај! Немаш потреба да мешаш хормони со алкохол. Не особено за време на Светско. Не оти пиеш, ама можиш страшно да се изнервираш оти ќе пцујам пред децата и ќе се распиеш. Јас ќе пијам! Да не не ти кажав, реков!

-А и тие децата имат баба и ти имаш мајка. Многу да ја поздравиш од мене бабата. Времиња си немате поседено заедно! Сите турски серии ви ги спуштив в компјутер кај неа. Ако сакаш излези си и со другарките, одамна се немате видено. Кузнеј колку имате да си кажите! Ако треба јас частам! Не оти ми пречиш оти ќе седиш дома злато, ама те молам… Прагот пред телевизорот на радиус од 200 метри е забранет. Во спротивно, можи дури да следи и судска постапка.

-И не! Не си дебела! Те сакам!

-Фала од напред! И не знам дали ти кажав оти Светското уште трај?! Не ми е гајле оти на другарка ти мажот му уметникО, шо не гледа фудбал му текнало баш тогаш да ни дот на гости. ,,Чачара – пачара” не ти работи во тие сати. Вратата е заклучена. Клуч не ти давам да му отвориш, ја менав бравата. Комшивката нека не бара кафе бадијала. Извај се слободно со мене и кажи му на сите оти корона по петти пат ме фаќа, можам да загрозам многу животи! -Правосмукалката е на скришно и сигурно место. Оти знајш ти на нерва изненадно тогаш да ја уклучиш и да ми метиш под нозе чипсите, макар и за време на паузи (шо исто така се битни.)

И еднаш за секогаш, волуменот ќе фати наугорница салам, научи да живејш во галама!

Евротип
SNBROKER
To Top