Новости

Битолски трачарлуци

Брзај брзај прваче…или не беше така?!

Ај нејќам да речам, ама ко шо бевме тро глупички, е сега редно е да доотупиме. Џабе песните за првачињата! На сколија не ваШта корона! Вашта во длабокото! Само шо не знајме до кое длабоко ние сме дојдени. Длабоко се мисли на поплавите од чистите ни шахти или длабоко во калта по улици?! Изгледа во најдлабокото. Со Ариел долу и сирените на муабет.
Ех… А само како замислувавме драги мои!

Се сеќавам на времето ко ние почнавме! ПрвиО ден носевме кецели, сини до над колена, комунистички од на Тито времето. ДругиО ден, на втори, ни ги фрлија од употреба и стартоваја да ни го прат филмо оти ќе бидиме ,,Ребелдеуејјј” генерација и сите ќе бидиме во модерен аутфит. Од таму почнавме, а тек после колку не излажаја! Барем во нашиО клас уше од старт се знаеа како ќе От работите. Имаше неколку дечиЊа на мајки и татковци чичковци паричковци, а нашите знајте домаќини беа. Тие беа на прва клупа, ние на последна. Тие имаја петки без многу тупење глата, ние пуштавме рачето со ленгир да ни го удрат ако не ја искосевме убо цртата оти нели то го учевме прво. Да црташ прави и коси линии. Јас стално цртав прави, зато ме швркаше даскалката по рачиНа. Да знаев оти на криво ќе одеше работата…ама ај! Мирисаше на кифли со мармалад и едвај чекавме да дој одморО да ги изедиме и да трчаме во дворО.

НашиО клас беше најјак и ние немавме физичко. Наместо то, даскалката не тупеше со математика оти синус – косинус и икс на квадрат ногу во животО ни се најдоја. Овие на мама и тате никоАш не даваја лиС од средина, први комјутери имаја, а нас ,,Хелоу Наса” ни беше цела та работа со нивните играчки, компјутери, тетриси, детски соби, брендирани алишта, кикиња, стегачиња, чорапчиња и кошулчиња.

Ние бевме оние ,,џркојте” во класО, а тие беа оние пуфлите и голич кабадаите шо имаја право да не земат нУдолу! И не земаја! И од тоАш ќутевме. И ќутиме! И ќе ќутиме! Така не учеа! Сус дремевме со нив, сус кај учителката и педагогО, сус дома, ама зато надвор… Ние си знајме! (Ние и некои од лошите комшии шо знаеа да не испрскат со кофи вода)! Оти таму бучни бевме!

Овие денес зборуваат, ама ништо не се слушаат, кажуваат нешто ама никој не ги разбира. Битно имАт фб профили и на тик-ток јака забава имат! Полека само олабаено! Нема потреба од брзање првачиња! И така џабе учите! Утре ќе речат:,,Пу пу не важи”!

П.С. …И уште имав за зборање, ама вие на продолжен одмор сте. Лектирите не ги прочитавте, па сеа колумната! ,,Полека полека прваче… Никој не те чека во школскиО двор! Корона или не, истото е се! Уживај си бате, штом тука се мама и тате! “

GOLD
To Top