Новости

Битолски трачарлуци

Ви чинело или не, помина вашето време! Ама ни чинело или не, ќе помини и нашето!

,,Во наше време ред си имаше се, од ко излегоја овие телефоните се збрлајвте! Ништо нема убо во то! Морало се да се знај… Нема телефон за тебе! Не добиваш!”

,,Аман мори таЈа ќе плаќала во приватна болница! Баба ми в штала се пораѓаше! ” му вели оваа од постарава генерација на оваа новава. ,,Запршка од 4 месеци му дававме на децата, вие сега изводите! И не ни требаше никој да ни кажва, ни интернет ни ништо. Шо мислиш како пораснавте?!”

,,Се сеќаваш на тој кафичо кај Камен мост?” – му вели стариот мангуп на новиов новопечен кабадаја ,,Не се сеќаваш од кај да се сеќаваш! Мал си ти! Е тие беа кафичи, шо знајте вие сега. Ништо!”

,,Во времето мое со едни панталони та исти шетавме сто дена. Шо е ова сега! Модерни биле! Збеснати!”

,,Ами ние не знаевме шо е паста за заби. Со сапун санварен ги имаме миено забите! Вие сега…Збеснати!”

,,Вакви коли, онакви! Се знаеше два – три модели и толку! Јас фичо имав, немаше поубо!”

,,Нити знаевме шо се дешава во светот, нит не интересираше! Вие сега мора се да знајте! Збеснати!“

„Од Прилеп потаму немавме мрднато. Вие сега се тепате за преку океан! Збеснати!“

Зошто „збеснати“? Зошто еднаш не се разбери суштината на тој генерациски јаз?! Зошто уопште не терате да ни биди исто ко вас шо ви било на времето. Камено време сме, па жената да ја оставаме в штала да се пораѓа? Нема намирници, па мора грав да му даваме? А уба е запршката? И ние треба да шетаме со искинати и исти панталони оти вие така шетавте? Фичо треба да си купиме? Да не шетаме низ светот? Да не читаме? Да не учиме? Фала богу оти се од ова ќе се дешава ако се нема, па не е само времето, ами и чакатите. Ама ако можи да се внимава и да се следи некој тренд, зошто па да не се следи? Зошто да ви пречи?

Секое време има своја приказна, која од своја страна има свои лоши и добри страни. Цела рабта е во то шо треба да си напрајме селекција на убото и на лошото! И не оти ви било поубо, ама изглеа ви е криво шо старејте! И не оти нас ни е убо, ама истото ќе му го велиме на внуците…оти ќе ни биди страв…! И се така во тој магичен круг на завист и носталгичност, се дури не сфатиме дека сме ја истрчале трката, константно прашувајќи се дали она што се случува е правилно!  Веројатно треба да разбериме дека нештата се случуваат и не секогаш ни се по волја и не секогаш се исти како некои порано и не секогаш се онакви како што си ги визуелизираме, но се е до прилагодувањето кон моментот.

Ајде сега, време е да се навие саатот, оти кај нас е 2021! Ве бендисвало или не! Ви чинело или не ви чинело!

GOLD
To Top