Новости

Битолски трачарлуци

ГлавниО ропак во некогашна Битола!

Здраво! јА сум ропакО шо ви дојде на град и ве испусти! Ногу ми е накисната душата од ова ситуацијата со ова ,,настинката” коронова и сакА да кажА нешто. Све је то завера. Ќе не чиповА, ќе не запустА. В нужник нема да мој рајат дојме, ќе не пратА шпиуни, ќе не сакатА! Љуѓе нe си прајте мајтап. Не следа од горе со сателитине и не таквоат, шо сакат ни прат.

Друго мислам јаска оти ова со меаниве шо треба да се држи растојаније је најголема глупоС. То ни го таквова за помалце да пијаме и да сејме со Трајче, Митрета и Целе. То со децибелите ме искина ко го слушнав со музиката шо требВало да ја намалвА. Како јаска сЕе ќе си кукам на песнана кукајца ко ќе се опијА. Море јеј ако ни се задњи моменати во животО, дај барем да се натрескаме ко чоеци и сТреќно да си појме во рајО.

Ја во рајо ќом, за вас не знам. Ништо немам згрешвано, ни једна тања немам кажано. Ко пример Митре шо ми кажа оти жена му на Целе љУбовник имала. Ам мене то не ме зАнима уопште. Не ме занима ни дали на Трајко бричи стефано му пцојсала Милка и зато пари ич не прајт. Не заслужват, ништо не заслужват.

Инаку мене моЈте да ме видите во јавнос ко ќе седа на Корзо и ко ќе и газа плочкине со ципела струѓена и ко ќе се меша со градскине, ако од на бавча идам дирекс каве да пија. Јаска не се гледа бе оти су запотен под мишка оти носа брендирана цвиќера и тетоважи триста имА на мускули! Кој триста, појќе. Двеста. Исто моевте да ме опулите во нојќнине клубој со виска на шанкО. Сите од местово кај шо живејА ми вела оти ко некој аусраљанец су. И су. Така на прв опул ви кажвам. Жими очи. Јаска су ропачиште тешко море Љуѓе и за в библиотека ич не штеда пари и за читајне.

Ја мора да О одржава брендо и мојте крави мој да ги опулите дур и на Корзо ко ќе и пушта. Е шо да прА јаска ко ни и отворивте портите на дулиЈе! Ја су ногу модерен и пратА све шо пишвате по фејзбуцине. И таму се допишува и ќе стегна некој коментар под тија шо лапрда Ногу.

Сегде се мешА јаска, во секоја манџа сол клавА и око не ми трепнува. Не се замара за точкине или запиркине и не се вајчајте за то оти шодеки вије школо имате, ко јаска појќе пари од вас имам море јеј! Можа да ве повоза со биЕм даблјуто едно кругче ако све толку за дружба. Натре се је кожа и вие ќе ме онадите во умо море!? Вије?! Ќе ве повоза и то на Корзоно, оти само ја можа да воза тсму. Ако сака и ќе О паркира аутомобилО пред кафиќи, в централа. Јаска и со точак од 2000 евреи се воза таму и ич не ме занима ако дечишта имало на патО. П***у мајкине ме интересова со хеланкана опната.

Ја, во градО седА на клупи кај сатО и ждригА на глас и плука балгами ако ми дој нубо во грлоно. Плука семки на сите срани и не се замарА ногу. Има кој да чисти, за то учевте. Ја зна да фрла све шо не ми требва од дома в Драгор и шо?! Ко ќе одА в кафиЌ јаска зна со келнерине како да се понашА и му досадва. Има да трчА по мене до Тумбе кафе ако треба. Ја су сеа главен тука и шеф ќе ви бидА на сите.

Мојте да ме препознајте во искомплексованите и фрусриранине женишча и мажишча на вункции кои ги клале со врски и везиња, мојте да ме препознајте во газдА на бакал и да ме видите како ви се ситА ко ќе ми врајќате пари на рака или ,,ка петнајс ” топ тан ко ќе ми го врајќате исто. Ја су тој на кој му се улижавате за парче леб и му прајте вилмој оти ногу убав чоек је само за да не ве отпуштА и вели:,,Платава ќе каснит, а оти шо се шаштисувате, толку санким пари ви требвА!” Јас сУ шмекерО шо ги врти сите убај чупина и му го менва маслото оти ферари има во гаражО. Ја сУ то копитО шо од градО конзулски напрај циркуз. Ја су можи и во сино облечен на Широк Сокак со тевтер в раце и ви пиша казни на кој ќе стигна, оти ,,шлемој” не носите. Ја су тој необразовнио кадар шо со книшка се вработи и ко ќе појда в институсија, сегдеМ порти ми отварА. Ја сУ тој шо пушта звучникО до даске до три сатО по полнојќ со песништа од Ѕвезде гранде и око не ми трепнува оти вас ви се спијало.

Ја су главниО и опасен сУ ногу. Мава, врла со камења и на Ѕале пенџерето му го искршив сношчи оти така ми дојде. Туку зборо за коронава ми беше, Ја можа да ве убијА со притисАко шо ви го кревА и ве тера на хелекЦ да се врлите. А то другоно… Све је то мавија. Ќе не чипира, кизнеј шо ќе стора. Ама ако ми се сака, и да је така, има да ќутите и да сејте дома под јорган. Ја су законО, уставо, ја делам правини и кривини. ИмА кујча изградено пет спрата в земја надолу. Облакодеришче и ич не се даклдисувА ако дој смаксвета! Шоимало, клавА костумС и одма ме поштовА сите. Ја крада, ја кола, ја беса!Оти ја су главен! Берете ум! Толку.

 

 

*Битолски трачарлуци е колумна која на пародичен и сатиричен начин се обидува да опише дел од секојдневието, без намера за навреда и омаловажување на никого.

GOLD
To Top