Денес јајцата и роѓенданО на кралицата Бетка најактуелни!

,, Црвено – бело – дебело…” Шарени, цртани, со сликички, без сликички, варосани, со темперна поминати, потпуканати, со машни, врвци, цветчиња…Јајца!
Шубав роѓенданО на Елизабетка, мераци. Замисли ја… Лежи во одајте, во триста кашмири завиткана, наредена со брошој, ѓердани, обетки, бисери, секако нараквици во боја, а гарант и капата на неа е. Со пердув. Си лежи дури и свират виолини над гла, јади грозје, си мљуцка винце и си скрола на социјалниве мрежи. Кои од кои пУбај, си вели.
Тики остај ти роѓендано, дали Бетка рипна денес на изгрејсонце да вапца јајцината?! М?! Ќе рипа не е будала ко мене и ко Лепето, Цветето, Надето и Пацето. Сношти баш ја прашвав Пацето шо јајца ќе прај. Остај ти ми вели јајцата, кажи шо пиксАли ти е камерата да сликаме послеМ. И вистина се собравме и уз топла ракија сабајле во 5 (за циркулација) одлучивме кој ќе биди браќата Манаки.
Ние за,, браќа Манаки”, ја клаЈвме Нада и ич не згрешивме. 169 лајкој ќаривме, а имаше и такви ко она Ката катиљо од први шо не ни ја опули сликата со јајцата, ама то е чиста љубомора. Имаше и такви шо ни пишаја оздолу али знајме за шо варосваме јајца, не само да ги сликаме. Јајцата. Имаше и такви шо ни завидија, намуртија, се изнасмеја. На јајцата. Али и то помина со вториО бокал жолта (ете до сега го стуткавме). Ама не! Кралицата не се замара со вакви работи туку си ја глеа барбиката за неа шо ја напрајле и си ја гали. Некој јајца ќе прај, ќе слика, ќе пусти, штури… некој ќе се пафта в палата. Не и е срам. 96 години се сторила, со прс нема мрднато…
Туку остај ти то, дај тури уше една чаша ракија, напрај една велигденска и ај на здравје. Честит роѓенданО на Бетка и за Ногу години да е!
А ви кажав јас шубај јајца напрајв? Ѕирнете сликата на фб. Со јајцата.
