Новости

Битолски трачарлуци

Денешните деца се радвАт на снегот или „мамичките“ ја ништат цела забава?

Ако не кажевте на фејсбук дека надвор има снег, никако немаше да видиме. Се „фоткате“ со снежна позадина и на сториња, задолжително ја клавате „Let it snow“ за сликата или видеото да има поголем ефект, ама кај нас гледачите, не кај вас драги мои.

Мамички, татковци, дај олабајте ги децата барем денес од цела технологија, „заџиталете“ ги мобилните, исклучете ги компјутерите и пуштете ги децата надвор на снегот. И не, нема да настинат. И не, не е ладно. И не, немАт потреба од авокадо и манго и перуанска јаготка.

Оти ние можи од авокадото вакви сме!

Дозволете им да играат, да се „мават“ со топки, да се прпелкат во снегот, па еве макар и да поднастинат. Оти тие беа најслатките настинки. То топлото чајче шо го пиевме ко ќе си дојдевме жива кисла од ридО кај шо се санкавме, беше највкусното и баш ни беше гајле за последиците.

Доволно е здрави мамици, здрави деца. Дај олабајте ги децата од вашите фрустрации и ко за промена остајте ги да излезат надвор и сами да стекнат имунитет, а освен то и да се социјализирАт малку и да бидат креативни, без да ги „сликните“ претставувајќи ни нам како публика дека:„бооо колку ни беше јако!“.

Можи вас ви беше јако шо од после ич не му имате обрнато дома внимание на синето дури тО тажно се џари на џамО во снегот надвор, а вие дремите над телефон и ја „работите“ сликата со триста филтри. Само за да ни покажите колку ви е јако. Не е се до перуанската јаготка мамички. Не е се во јадењето, спиењето и ај да помини денО. Децата сакат забава, сакат игра, сакат да откачат бе луѓе. Нека изградат спомени. Не се шаштисвајте толку и сетете се нас како ни беше. Пуштете ги од стакленото ѕвоно во кое само ги гушите и правите од нив нешО шо никогаш вие не сте биле.

Во продолжение, погледнете стари фотографии кои белким ќе ве потсетат оти ние не јадевме авокадо и знаевме да играме. И не, не е до децата. До вас е.

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

GOLD
To Top