Новости

Битолски трачарлуци

Добрината е ин или аут?

А можеби понекогаш е и убаво човек да се спушти на ниво. Да им каже мисли, па да си се врати горе. Кој повеќе ужива? Оној шо ја исфрла мислата или онај ,,ќутливиО”?! Можи и поубо е да се дај дознаење за тоа колку е лош човек, за да се разбери колку всушност си добар. Така чинело. Да си ја нурнуваме глата пред сите лошотилуци?! А да се менеше тактиката? Системот?!

Можи е поарно да се игра со отворени карти… Толку голем змијарник, толку глувци, штетници, а малку арно шо ќе го спаси овој свет. Сопки и курназлуци, ситни душички и фрустрации. Извичници и провокации од прв степен. До кога? Уште колку ќе се издржи во оваа жива песок? Сарказамот е очигледен, но како спиете секоја ноќ со мирна глава и спокојни?! Толку малку добрина, како да не е на цена. Ко да е аут. Но, за жал или не, балансот е тој. Мора да има две страни, две лица. Две маски. Ама сепак, не слегуваме од нашето ниво. Тие со камења, ние со локуми! Секоја чест!

GOLD
To Top