Новости

Битолски трачарлуци

..И НЕ си живееја среќно до крајот на животот!

…And they lived happily ever after!” Како да не! А знај ли некој колку му чадеше глата на Пепелашка ко сфати колку напнато е да си кралица. Да го прајш есапо за цел народ.

Синкир тие мака си немаја. Синкир принцо ,,Шарминг” не се има уљандисвано од Синдереала ко ќе му гази на живци со ред прашања:,,Кај беше, со кој беше, шо бараше таму? Да не ојде со се чевли пак да му ги клајш на некоја! Те знам јас шо ѓубре си!” Синкир Пепелашка нема поминато во ПМС! Синкир на овој стално му цутат пеперутките во мео и цел живот валцер играт. Се избркаја по скали, зедоја чорапите, чевлите и се најдоја! Шо после натаму е работата?! Не е животО бајка Љуѓе, да не си прајме филм оти сето ко подмачкано Ќој. И Дизни си имал деној ко ги измислувал овие лошите.

Гледам многу од нас во тој филм се, само шо многу влегват во ликО и претенциозно се претворат во него. Дај да олабајме. Не се ни принцези, ни шармери, ни вештери. На мака сме. Во 2020 сме. Година за која сите си мислевме оти со вселенски летала ќе се тркаме горе, али шта је ту је. Дај да се собериме на земја и без маски да си кажиме отворено оти не е се бајка! (Без маски, ама инакви. Овие за ковидО задолжителни се оти прпа на Корзо од чичковците во сино)

И не, тие не живееа среќно ,,еврр афтрр”, ами напати се траштаја ко ќе ја видеа сметката за струја и ред други работи!

GOLD
To Top