Новости

Битолски трачарлуци

Како ја замислувавме Битола во 2020? Втор дел.

…Битолското културно лето прво секоја година ќе го отварат Шакира и Џенифер Лопез, или Бочели за оние со другиот вкус. Бред Пит со бившата Анистон скришно ќе се муват во некој хотел на Корзо. Ќе има претстви, театри, сцени, перформански, 7 Д кино на отворено со кревети. Театарот ќе се врати ко шо бил стариО со тераси внатре и конечно носталгичните ќе си поќутат.

Улиците ќе бидат сензација од Алеи, а булеварО покрај ДрагорО, ќе биди новото Шанзелизе. Оти така ќе ни се сака и една ајфелова горе ќе клајме до финџало на кружнио кај Педагошка.

Питач нема да има во градО и Бајро ќе биди елитното Водно. Ќе нема предрасуди во однос на малцинства.

Ќе цути бизнисо, нема сите да работат по фабрики, ами по струка. Горе на кај нова Битола ќе биди центаро на градО и ќе врие од облакодери и канцеларии со високи стакла.

Болницата ќе крцка со нови апарати, технологии, пари, образовани доктори…

Секој Битолчанец ќе има картичка за бесплатен пристап три пати неделно во комплекс со теретана, тениско игралиште и затворениот базен шо ќе се наоѓа кај Пролет градинката во Даме Груев сколијата.

Нема да е срамота да си патриот и то нема да значи оти си член на политичка партија. Битола ќе биди независна и апстрахирана од секоја политичка корумпирана дејност. Дури ќе се предложи да стани главен град, ама одлуката ќе биди одбиена на појќе наврати. Нема да ни одговара!

Сите ќе бидат насмеани и културни. Пак мажите ќе носеле паларии и ко ќе поминат жените ќе ја вадат капата за да ги поздрават. Ќе се вратат џентлмените, донжуаните,кафеаните, боемите, серенадите.

Секоја куќа ќе мора да има двор шо ќе биди исчистен и ќе има неколку видови на цвеќиња кои ќе бидат донирани од општина.

Луѓето ќе се возат со точаци и марихуаната само тука ќе биди легализирана. Ќе постојат посебни курсој за готвачи на колачиња со марихуана. Амстердам ќе биди нурнат со ова конзулска конкуренција, а за да биди уште појако и оние јавните куќи ќе ги има. За екстрахедоностите де.

 

Задоволства за сечиј вкус, освен за оние старите бабички камењарки кои ќе бидат историја до тогаш и ќе нема кој да ја оговара јаката госпожа шо секој ден пред куќа различни лимузини ја остават.

Турските серии ќе бидат забранети во градО над г(р)адовите поради појава на поголем број квазиинтелегенции и смалено ,,Ај кју” на тие шо го имаја. Али ќе ја попрат работата.

Пешачките ќе бидат обележани, канти за ѓубре ќе има на секој три метра, дупка ако сретниш ќе бидиш задолжен како совесен граѓанин да се јавиш кај надлежните за да ја попрат,а од таму најсовесно и најодговорно ќе те испоштоват и за пол сат ќе турат асвалт. Оти по Виа Игнациа кој не ќе прошета.

GOLD
To Top