Новости

Битолски трачарлуци

Како ја замислувавме Битола во 2020? (Прв дел)

…А замислувавме нешто друго.. Прво, сто посто бевме сигурни оти ќе се качваме на месечина онака кафе да пиеме горе и да го лигајме лајчето оговарајќи ги мештаните… месечарки. Ко мали по ликовно не тераја да цртаме шо мислиме оти во иднина ќе се дешава и ви текнува, редовно вселенски летала цртавме. Сигурни бевме оти ќе запознајме вонземјани и ќе си го имаме со нив. Од друга страна, бевме сигурни оти ќе фати трета светска само не знаевме како.

И сеа ако се спуштиме тро на земја (или не), Битола ја замислувавме како метропола. Оти ќе напрат трговски центри, молови, ресторани, ќе има работа за сите и зато се ориентиравме во средно по смерој оти знаевме шо сакаме да бидиме ко ќе порасниме. И вервавме во чуда! Не туркаја, ни влеваа надеж, ни збораја, ни држеа лекции за култура се дури не свативме оти шахтите не туку така лесно се одзатнуват и оти Боки не е то шо беше!

А години наназад вервавме оти Битолската чаршија ќе заживеј најпојќе од туристи кои ќе се восхитват на автентичните калдрма и дуќанчиња. Ѕидојте и фасадите ќе бидат варосани. И од назад, не само од напред за камуфлажа. Сегде. Не само на улица ,,Биди виден”.

Вервавме оти сите по еден клавир ќе имаме дома за да се зачува брендО на муабетО ,,градО на клавирите”. То ќе биди условО да си Битолчанец, иначе ај рауз.

На Дулие пак порти ќе клат и ,,брич” со пиштол нема да најдиш. Зоолошката ќе биди една од главните атракции, медитеранска клима ќе завладеј и сите богаташи чичковци паричковци од Капри во Италија, баш тука на одмор ќе иделе.

Кај сатО ќе си остани кај сатО само шо нема да е срамота да сејш на трева пак. Ќе има распеани млади деца со гитари, ќе има концерти на отворено, а Мара во сето то пак најпојќе бизнисО ќе си го тера и конечно ќе ужива во луксузО со давање команди од кафичите на плоштад.

Фонтаната ќе биди идентична со фонтана „Ди Треви“ во Рим оти јас така си мислев и си сакав и на сегде џез музика ќе пука оти мене така филмО ми беше!

Широк Сокак ќе свети како никогаш до сега. Ќе се попрат фасадите, ќе врие во рестораните, кафичите, ќе има дискотеки и кафулиња. Пак ќе проработи Скарлет, ќе се нај некој шо на ново ќе ги отвори Алхамбра, Висаж, Свинг… за оние носталгичните. Ќе се напрај цел филмски град кај Партизанска и Кери Бредшо трет дел филм ќе снима за сексот и градО во Битола!

Битола ќе врие од туристи и брендојте од Милано ќе се префрлат тука. Мажи костумосани пред секој дуќан на Шанел ќе не пречеквале, битолските пуфли високо ќе котираат на ниво со итаљанките и парижанките.

to be continued…

GOLD
To Top