Новости

Битолски трачарлуци

Како ја замислувавме Битола во 2020? – трет дел

…Полицијата ќе фаќа само криминалци и казни ќе се пишат само ако се напрај прекршок. Ќе се чувствуваме заштитено со нив, со пожарната и брзата помош кои само шо ќе се јавиш ќе летнат до кај тебе и ќе ја решат работата.

Трудова инспекција стварно ќе го штити трудО на работникот, а во УЈП нема да кодошат оти ќе нема за шо! Сите ќе имат! Ќе нема завист, љубомора, нечоештилук и сопки!

Везден в небо ќе се гледаме оти многу авиони ќе летат и слетват од аеродромО. КабадајлукО ќе вришти уште појќе и на далеку ќе се слуша за овај град.

Ќе се напрај езеро конечно и плажа бетер од Копа Кабана. Трамп и Меркел ќе идат на одмор овде и ќе имат вили во Магарево.

Од на езера горе ќе се спуштат жичари до сатО, ќе има ски центри шо ќе работат турбо од швеѓаните. А една од туристичките сензации ќе нуди возење со балон над градот. Во езерото со јахти ќе се паркирале Битолчани и тој ќе биди основнио престиж кој стварно ќе можи да се дозволи оти платата ќе стига бате и то како!

Од друга страна стандардО ќе биди пристоен и ќе нема потреба да одиш во Кам во гужвите оти таму кашкавалО бил поефтин. То ќе биди онака мит и идните генерации ќе ја прераскажват оваа битка.

Само во Битола короната немало да фати замав и се дури цел свет колабира, Битолчани ќе цутат на финансиски план, а и на секое друго поле. Научници ќе идат да испитват шо е работата шо не фаќа тука ништо и ќе се открие оти во кафето нешто клавеТ пустет, штурет. Така ќе не оговарат Охриѓани оти ќе му го зејме лебо и сите капетани на кајчињана и бродојне едвај ќе ги одвикниме од:,,Требит кајче мор?!”

Пелистер ќе игра со Манчестер во лига шампиони, а јас ќе ви мафкам од црвениО тепих во Холивуд рамо до рамо со Мерил Стрип. Во меѓувреме јахтата ќе ми ја глЕате паркирана покрај езеро.. Ќе крцка бате. И клавир внатре ќе има! И пато убав ќе биди до неа… Ќе биди… Ќе биди… Беше…Мислевме оти ќе биди…А не е… Не ни беше…Ќе не нема! Се гушиме!

GOLD
To Top