Новости

Битолски трачарлуци

Канцерот на современото општество е во виртуелниот свет, во социјалните мрежи – Има ли сево ова граница?

Социјализација,дружење, пријателства! ,,Биди друштвен, имај што повеќе пријатели, разменувај мислења, учи од другите!” Така не учеа, ама сега некако нешто не ни е јасно во сето тоа. Толку се имаше напнато работата со тоа ,,дружење” и ,,социјални типови” и што повеќе пријатели, па на „фејсбуковци“ му кликна…(се мисли на другарчињата шо го измислија). Па на „инста“, па, „скајп“, „вибер“…

Си имаме „google“, си имаме „you tube“, се си имаме и 1000 Зошто ни се одговорени.  Се си знаеме. Буквално светот во џеб си го носиме. Цел свет во еден паметен телефон. Ама видете вака. Сте размислиле ли зошто појќе не веруваме во чуда?! Затоа што не сонуваме и не замислуваме. Епа нема што да замислуваме како светот ти изгледал, кога веќе знаеме како.

Толку многу сакавме да бидеме ,,френдли” и се некако латентно почна цело тоа форсирање за ,,социјализација” на виртуелните мрежи. Прво имавме мирц и си замислувавме како ќе ја најдиме вистинската љубов таму. Али имавме бате „никнејм“ и се беше некако мистично. Потоа излегоа телефоните, па си титкавме еден на друг и тоа значеше поздрав. Пораките коштаја и луксуз беше да се запрајш муабет преку пораки од телефон. Преведено, не комунициравме до толку. После нокијата и моторолчето (шо „бај д веј“, баба ми уште ја барата), излегоја телефони со камери. Сите си се сликавме али само за нас. Ама пуста желба да се покажиме…Излезе една мрежа на која само слики можеше да си клајш..и можи од тука почна да се менва се.

Pinterest

На фб, прво се пишеа само и само убај коментари или се маваја стрикно лајкој. За статусите цела тА работа кармакараши ни беше и многу пати сите јавно се глупиравме и бламиравме. Не знам, можи се праевме интересни, па туку му пишевме нешто со шифри на другарО на ѕид. Зошто? Е зошто де?! После имаше забавни групи, мајтапчиски… Пример, многу беше јако во ,,Битолски божевства!”  Си имаше такви појќе и уште некако се држевме…нормално во ненормалното шо допрва почнуваше, а не бевме свесни. Бевме далеку од свесни. Али, не се пуштавме од синџири.

Сепак, достапноста до сите информации, не натера да копаме се подлабоко. А каде? Никој не знае. И од кој беа пишувани тие информации? Ништо поткрепено, никакви докази дека она што го читаме е напишано од стручни луѓе во таа област. Ама копавме.

Чоечката љубопитност немаше граници. И еве шо се случва кога ќе му ги тргниш границите на чоек. Најголемиот проблем на 21виот век. Не постои цензура. Не постои дугме стоп шо ти вели, натаму ти пиле не смејш. Мал си. Или глуп си. Или паметен си, не ти треба ова. Или во пубертет си, уште толку ќе се избуниш. Терај пополека. На „фб“ не постои забрана за отворање профил. Секој може да направи и по сто ако сака. Таму или и во друго место на социјалните ни мрежи, нема забрана и автоматско бришење на злобни коментари, на стопирање на говорот на омраза. И сега како то изгледа и колку од 1 до 1000 е конфузно, испомешано, парадоксално, па дури и Господе Боже…настрано!

Pinterest

Детето чепка во паметниот телефон дури седи со мајка му и татко му на кауч. „Бај Д веј“ и тие дупат во своите смарт фоној. Детето се допишва со некоја Кејти, шо случајно е вториот профил на мајка му оти е фрустрирана од бракот и мисли дека виртуелно флертува со некого. И додека синот пубертетлија чачка на тик ток и пиши со Кејти, таткото води жестока расправија за неусогласени ставови на актуелна тема од државичката ни. (Актуелни нон стоп ги има, да не се лажиме, сакате политичариве, сакате земјотреси, корупција, распеани женички, педофилија, случајот „Јавна соба“). Детето ги гледа сите тие пцовки, сите тие мислења и ставови на неговиот родител за кој не ни знаеше оти можи толку да е дрзок и да пцуе. Ама чита. Си чита.

Толку многу информации без забрани. Без резерви, без граници. Секој што сака пишува и може, секој што сака чита и може да чита. Се е возможно и се е овозможено. Не постои табела на вреднување на категориите. Цел систем е хаос и замислете цел тој хаос им го пренесуваме нив, на најмилите, на најмалите, на најмладите. На нашите деца. На нашето потомство. И тие душички, не знаат каде понатаму. И нема да знаат. Ги избунивме новите генерации, но како ова би се стопирали, Бог знае. Само се знае и дека не може да се стави стоп. Ние не можеме, не знаеме, а веќе и не умееме. Важно е да се прифаќаат проблемите на денешницата и новосоздадените работи и дејствија, ама каде е кочницатааа?! Канцерот на современото општество е во виртуелниот свет. Во социјалните мрежи.

GOLD
To Top