Новости

Битолски трачарлуци

Корона ,,карантајн” парти! Гет реди фор вак( * )ајнс!

И опет…Фриџата надингана со алкохол, се купват нови пижами оти старите се излитија се испустија, се клава на килажа, се готви јако, се лежи и се слуша на јако:,,Корона чао!” Ни чао, ни ветришта туку ај.

И опет мајтапчиња на социјални мрежи, создавање на групи на фб, гастрбајтерски, тукашни. Опет пцовки, политики, неугодувања, смешки. Кикирикакара и оп, ќе дој Нова година. Ќе не ,,попрскат” уше малку и кај кој ќе фати ќе фати.

И сите знајме за шо збораме, ама пред да го набапкаме ,,нужникО” со тоалет папир, да си зејме едно – две книџулиња за психологија и бонтон. УмО да го отвориме, чакриштата. Да извајме маските барем по дома и да наполниме глата со тро култура оти вака не ОЈ работата. Не крепи паметО за толку информации, контроли, затвори, клевети, политики!

Спокојно момчета! Се ќе си дој на арно, само време си сака. Ова година, другата, па ќе видиме. Бизниси колабирани, уметниците во тешка криза, ,,потсвршените” младенци изнараѓаја ,,на црно”. Капар даен ѓаол и пол кркачи. Свадба нема! Резервирана сала, купени покани, испланирано мени, фустано прашиништа фати, костумО капарен. Сите се во зијан. Никој капарО не го враќа. Се чека. Кредитите неплатени и се копа од таму. После ќе пулиме ќе прајме ако не не фати ,,прсканото”, ,,5 – Џито”, короната, мутацијата или шо ѓаол и да е!

Во 2020 јак и најкабадаја беше ако имаш антитела, а во 2021 муабетО на Широк Сокак почнува да си тера вака:,,Од шо вакцина ќе клаваш? – Не знам, шо велиш која е поуба?!” То ти иди исто ко еднаш порано некогаш, ко си праевме муабет за колачиња, на пример, благи работи кафиња.,,Од кое колаче да земам?! Ммм ова ми се бендисва!” Сеа кај и да е, гарант ќе дој и моментО сите ќе се фоткат со вакцините на сториња по инста и фб и ние ќе треба да му шлукаме! Пофешн не можи, па уште маска со циркони ако имаш на сурат, најјак си! А успат ситуацијата во градО, село гори, а тешки ора се играт. Сите ко ошумоглаени шетат издотерани на улица ,,Биди виден”. Мамички клизачи се пикат и една на една се стегат на крлешки, ги ,,сликнуват” децата (со нивни сленг), му дават здрави ,,перуански” јаготки и си прат муабет оти е многу страшно со ова короната.

Се стегат алкохоли од јутра до сутра в меани, а сеа по ново, ќе се кандисат и по ливади. Цаурите вртат лајчиња во градО во кој бренд е кафето ко пијачка, па макар и во нај ,,Умрени и смак света” услови. Сите паничат, али го уживат крајО. Ваљда оти учени сме од казината шо ги изнаотворија. Учени сме на ,,црвено – црно”. КсметО само да работи. МирисО ќе дој, само… до ,,не знам шо”, да не се стигнело. Оти тогаш, се знаело – толку. Сите сме доктори, кадри. Сите сме напиени, сите сме предозирани. Нас за други работи вакцини ни требат.

Тину нину нину нииии! Си врви брзата помош, замрзната слика, симнуваме капа, секундарен молк да му се дај почит на починатиот и тераме даље! Хаос! Вистински хаос! Ама кај би бил ако не тука! Дури да си помислиш оти ни годи! Вак(М)ајна?! – јесс, плис. Јес офкорс.

GOLD
To Top