Новости

Битолски трачарлуци

Кучиња скитници – Најнов тренд на Црвениот тепих и на Широк Сокак

Се дотерале, се средиле, карминче, пуф паф пудриче и цпа – цпа на црвениот тепих. Гламурозни во полн состав. Гужва пред голот, а една коска да се немало. После проекцијата ,,Живот кучешки”, изненадени и фрапирани од маестралниот филм, се спуштаат на Широк Сокак, седнуваат на масуле до ,,луѓето” и ќе боцнат некое „мефце“…Ако им дадат, ако ги излажат, ако земат и успеат. Да! Зборуваме за кучињата скитници во,, Големиот конзулски град”.

Во меѓувреме од другата страна кај сатО, едно црно мало во бело се дотерало за ваму да прошета на црвениО тепих. Али пошо е јасно дека дојдовме до тоа, полицијата ја опчекала ситуацијата оти во својата извесна продавница во близина на Саат кулата во Битола, продавала алкохол на малолетници. Сигурно и полицаецот ко мал има пиено кај неа, ама служба си е служба… А кај нас уште два поручек нема, а системО крш, па од неа мора да почниме. Како ќе ја испрајме иначе работата!

… И дури шетаме на тепих со халини, клепки, ц… ки, шминки, блејзери, кашмири, брендој, ботокси, муцки и тако даље, системот стандардно кочи. Чекаш, потиш, слушаш, гледаш. Чоечиња лути, нерви на сите страни. Капка по капка систем и шалтерите не работат. Сакаш пасош и раус, ама никој не те пушта.

Седнуваш в ресторан и плаќаш ко да си јадел на Бурџ Халифа во Дубаи. Те изгореа по џебО, ама и тие не се криви. И ти не си крив шо го чекаше пол сат стрико од Америка да плати ,,чекО”, оти тука се гастрбајтерите на викејшн во стари крај.

Оти убо му е и ушЕ пУбо му е да О џитнат ѓубрето наоколу без око да им трепне и успат да ти кажат како му е нив на бичо, во гаражо, на ворко, на стрито. Колку му е чисто.

,,Црвен тепих”. Битола и филм. Тоа е убава приказна, но што се случува со другата страна? Ги гледаме ли и тие проекции или за нив повеќето сме слепи?

Евротип
SNBROKER
To Top