Новости

Битолски трачарлуци

Легалната проституција во Амстердам – работи кои (можеби) не сте ги знаеле

 

Пошто многу густа е ситуацијата, па дури се гледа крајот и капитулцијата на многу дуќанчиња и приватни бизниси, предлагаме да се разгледа примерО на Амстердам и се тО олабаено да биди. Оти нема како појке. До овде ни е дојдено од та очајна глетка од дуќаните шо се издават на секој чекор, па некако од нивните излози ете стигнавме до ова идеја. Се разбира оти се ова е кажано со доза на сарказам и оти во паралелна реалност нема да го напрајме ова, па затО ни останва барем да се ситиме на глупостите низ светО и да се тешиме оти има и побрлај од нас.

Во продолжение, читнете шо дешават „амстердамците“ и или тешете се, или тркнете да олабајте тро со пукање сеири од страна, се разбира ако ви остана некој чакат под перница.

„Познатата улица на „Црвените светла“ во Амстердам е всушност едно од најбезбедните места.“  Види богати! „…Па со оглед на фактот што е легална проституцијата, тука обично шетаат сите категории на луѓе од целиот свет. Најчесто се туристи кои само поминуваат покрај излозите.“ – Да бе да, нешто слично како да разгледуваат „културни“ споменици бате. 

„Низ овие улици, може често да се слушне:„Псст, да не ви треба кокаин!“, но со едно „Не благодарам“, никој нема да ве нападне, само „трговците“ ќе бараат некој друг љубител на нивниот производ.“ То ти иди нешто слично како кај нас во пазарот:„Чорапи – три за стотка?“.  „Не фала.“ и си тераш даље. Молим лепо сине.

„Сликите се строго забранети на овие улици“ шо значи и ќе те сакатат од колнење и пцуење, али ако имате преживеано насилие на социјални мрежи и говор на омраза поентиран кон вас, немате гајле, вие сте имуни. „Имајте на ум дека многу од девојките, кријат за нивната професија, па така нивните родители и пријатели не знаат кон што тие се ориентирале!“

Финтата е шо многу од девојките не ги знат од дома оти нејкеле да завршат факултет, ами едноставно го следат нивниот сон и се одлучуваат токму за оваа кариера. Свака час. А ни е за цигарите ден денес се криеме од старите.

„На излозите во Амстердам, кај проститутките, можете да сретнете жени од секоја категорија.“ Шо би значело сингл девојчици, мажени, остаени, вдојци…„Има многу проститутки од Америка, но најчесто доаѓаат од источна Европа“ – не се од кај нас а?

„Нивниот бизнис е легален уште од 1811 и тие мораат да имаат 18 години“ абе зато дете на 18 не се пушта странство. Пола од нив гарант се од БалканО, остај ти!!! „Тие имаат своја унија, но сепак сеуште се борат околу нивното комплетно легализирање, затоа што како што велат, тие сеуште не можат да земаат заеми и кредите од банките. “ Нека дот кај нас. А тука па на кредити сите живејме. Се снаоѓаме.

„Некои излози не се со црвено светло, туку со сино. Вимавајте на овие светла, затоа што тука се наоѓа друга таргетна група, најчесто травестити“. – нашите да му одат нив, ќе ги сакатат од мање а сине? (Брутално искрено.)

„Во Амстердам има околу 500 бордели и „излози“, а дневно работат по 1.000 проститутки.“ – пука работата, јачи бизнисО.

„Бидејќи работата на проститутките е законски регулирана, ним им се доделени истите основни права како за секој граѓанин, па така тие имаат право на инвалидска пензија, здравствено осигурување, имаат синдикат на работници, но исто така, тие мора и да плаќаат данок за нивните приходи.“ чиста работа.

И така. Сите имат права, сите се борат за права, сите знаат да се борат, знаат да викнат и знаат оти ќе ги слушнат. А штом ова се слушнало, богами…

 А ние еве, по дома на фб, дремиме си кукаме, читаме за проститутките од Холандија шо се борат за своите права и гледаме надвор низ џам… Туку, поентата ми беше: „Море паѓање снег ова година! Ц ц ц! Многу не изненади!“

Евротип
Евротип
To Top