Новости

Битолски трачарлуци

Маваш диазепам и баш ти е гајле ако немаш леб во висачО!

Поради економски причини, песната:„Зете мили зете!“, го исфрла делот:„Шеќер да ја јадиш, блага да ти биде“!

Се снаоѓаме ние во секакви ситуации. Сме поминале низ сито и решето, сме биле и горе и долу… Ок, можи тро појќе наудолу терала работата, али си знајме како во дупката на лавот и како со лавот кој секогаш е тука да ни го спречи патот кон „успехот“. Во случајов лавот е џебот, а во џебот да, има дупка. Голема. Игла нема шо ќе ја закрпи.

Прво беше муабетО само со маслото, али стигна работата и до лебО. Епа то е батиња, диета ти е права ствар. Секогаш не предуперувале за нашето здравје, ама нас никако умот да ни дојди. Нејкиме, милум, одиме силум, а во лебот по најново нутриционистичко сфаќање, има многу шекери кои биле ептен, ама значи ептен штетни за здравјето. Да не прајме муабет за млекото, шеќерот, горивото…

Касно за диета, а рано за на одмор, ќе речиме. Ама изглеа не е баш така. Секогаш е вистинскиот момент за диета. Треба да се грижиме за нашето здравје. Ајде да гледаме позитивно на цела работа. Сите ќе имаме змиско тело. Само ќе ни фалат пижами со риги. Али, шо би рекол Бенини во маестралниот „Животот е убав“, тоа е ,,само игра”, нели?

Плус тО, диазепамот е секогаш тука за да си крцориме. Холандија можело да ја легализира марихуаната, ама кај нас пука играта во аптеки. „За само еден ден продадени 6500 пакетчиња диазепами“. Па шо ќе ти е леб? Ма дај! Требало за гориво…Хах.. Види, пешачењето е права ствар, а плус то и ако ги откажиш цигарите, се разбира дека е голем бенефит. А ако до толку те фати криза, пак се враќаме на диазепамО, маваш неколку и баш ти е гајле оти те фатило криза за леб, масло, бензин, шеќер, тутуни… И ред други работи! Наравучение: ,,Штеди за диазепам!”

И одиме весело: „Зете мили зете…“

Евротип
SNBROKER
To Top