Новости

Битолски трачарлуци

Македонија – земја на…

Прво и основно – за ова што сега ни се случува крив е интернетот или со други зборови Фејсбукот. Порано беше: Која мајка си го изгубила синот, ќе го најде на Фејсбук. Сега: Ако не си на Фејсбук (и остали социјални мрежи), тогаш си нормален. Зошто таму е кривицата? Затоа што на сите овие „потенцијали“ кои ќе ги наброиме, мегдан да се докажат им се овозможи со пристапот до интернет.

Сеир – без сеир нема муабет. Значи првото нешто што им доаѓа на памет на сеирџиите е да бараат влакно во јајцето на се и сешто. Оти животот им е досаден, па мора да се најде нешто за муабет.

Драми – ехее, колку сакаш. Откако почна во оваа наша земја да се зборува за демократија и права, се чини дека драмите се наше секојдневие. Од политички па се до љубовни.

Трачеви – Доживување на годината кога ќе се слушне нов трач за комшивката, колегата, роднината и слично. Се што може да се употреби како ладно оружје при наредба кавга или докажување кој е кој.

Фрустрации – искрено, толку фрустрирани луѓе на метар квадратен нема никаде во светот. Исфрустрирани теткици, исфрустрирани шефови, колеги, роднини (во секоја категорија ги има). Едноставно, секогаш кога не сме можеле некоја работа да ја завршиме како што треба, причината била некоја исфрустрирана личност.

Хејт – пффф, ова ти е човече рај за хејтерите. За се може маана да најдат. Буквално за се. Само да не те види некој на арно.

Експерти за се – по бројност тука се некаде со исфрустрираните. Имаш  експерт за корона, експерт за вакцини (овие се потазе експерти), експерти за семејни односи, експерти за уредување држава, експерти за комшиски работи, експерти за све т.н. свекрви, експерти за експертски работи и експерти за секоја област на која ќе започнете разговор, тие имаат знаење, доказ, теорема, аксиома и најомиленото – така слушнав од едни љуѓе.

Имам човек таму – Тале има познати на болница, на уред, во општина, во комуналното, во Водовод, во полиција…помисли на некоја институција, во секундата ти вели – имам таму едно чоече да збркаме работа. Така се функционира за жал, оти ако немаш чоече таму – ништо не прајме. Е сега, дали е проблемот до тој шо има чоече, или до самите чоечиња – исто како да си го поставиме прашањето – кој е постар кокошката или јајцето.

Луѓе од корист – да не се лажеме, само такви и има. Ако нема корист, не те ни погледнува под око. Во ова наше државиче, сите за се корист и интерес. Факт.

Завист и љубомора – по некое непишано правило, најчесто се најблиските. Си купил автомобил, наместо да ти честитаат барем со пола уста, тие намерно те избегнуваат една недела за да не ти кажат со здравје да се вози. Ако работиш многу, коментарите се: Аман се отепа од работа, што ќе им правиш на парите, туршија ќе ги чуваш? Или – ти си купил телевизор, тие купиле уште поголем. И такви некои слични македонцки рабоќе.

Газди –  особено оние кои само се нарекуваат газди, а титулата им служи да се изживуваат со секој и на секаков начин. Не дај Боже нешто да придонесат за општеството.

П.С. Фотографијата од социјалните мрежи беше инспирација за текстот.

 

СН Брокер
To Top