Новости

Битолски трачарлуци

Маскенбалот на 1ви Април – некогаш и сега!

Ех некогаш… Убаво е што се потсетивме на минатото. Наше и ваше минато.

Ја споделивме носталгичната емоција што очигледно сеуште вибрира низ душата, ги заскокоткавме спомените, го опипавме нивниот пулс. Остана само да се надеваме и да веруваме дека можеби еден ден… Еден ден ќе се вратиме во тоа наше старо ,,ненормално”!

Само… би ги потсетиле и нашите деца, нашите млади, нашите најмили…дека има и нешто друго што се крие зад социјалните мрежи:,,Живот се вика!”

Да наздравиме за животот и да си споменеме за едни убави времиња кога сонувавме со отворени очи, кога мечтаевме без никаков притисок, кога знаевме дека креативноста, уметноста и соништата вредат, кога бевме ,,луди” и не ни требаше никаков порок.

Бидете ,,луди”, чувајте се и потрудете се да ја вратите енергијата и волјата и во овие тешки времиња!

GOLD
To Top