Новости

Битолски трачарлуци

Мислење на еден Битолски кабадаја за пандемијата!

Ние си сме социјализиран народ бе сине! Не е тО демек не носиме маски оти контра му оЈме на сите, тука бе сине мора да се поздравиш, да се изгушкаш! Шо муабет иначе! Не велиме оти постој светски заговор, а постои 1000 посто, ама кај мојме ние сАа дОтолку да се тегниме по дома!

Друго е синка низ Корзо да се видиш со Љуѓе, да фрлиш некој муабет, да размениш мислења, да О полигајш лајчето! Не оти имаме нешто против или оти тврдиме оти се е политика, а е… Далеку од то сине!

Ама види вака! Ние бе батка живејме од трачО, кај мојме ние сА дома пикнати в затвор и да не се видиме со другарите, па да фрлиме некој муабет точен или шпекулација! А точни се сите муабети сине! Да знајш бате, оти таму кај шо има пламен има и оган муце! (Така се велеше БЕ?!) небитно…

А сеа само шпекулираме! Слушаме не дослушваме! На пример, вратО си го шинав да слушнам за шо се расправат комшијата и жена му. А и тој го фатив ашиќере слушаше јас ко се напнав со ова мојата! Жими најмило сине ми дојде да му речам да си И мениме невестите поарно! А уствари ко ќе виш муце кога па мене толку ме интересирал комшијата!? Ни жена му ја знаев до вчера, ни него! Пф.. Заедно сме учеле основно пази! Јас тоАш не го знаев, сега ќе го знам! Али овај карантинО то ни напрај! Зато тО велам, без Корзо џабе е кабадајлукО! Колку сака нека вришти интернетО, ти дур не се подуеш ко паун дур шеташ по Широк Сокак, џабе ти е! Батали каква пандемија, какви ѓаоли0?! Каква маска! И шо ако ме фатат џандари одма му плаќам казна, кешарац и нека бркат работа! Зато ти велам дај да олабајме да ојме в меанче?! За колку души да резервирам? За десет, дваЈсе?! Крцкај си сеа! Се ова е превара тешка! Теорија на заговор и политика! Не оти јас нешто тврдам, ама така е, ти кажвам. Жими најмило!
П.С. Заборајв да ти кажам батуле во позитива сум, а оти прам муабет со тебе? Еми оти јас да сум, а ти да не си!

GOLD
To Top