Новости

Битолски трачарлуци

Нашето чудесно родно место на парадоксот – ,,Земјата Наопаку!”

Ова е зародишот на парадоксот. Овде се е конфузно, збунето, нелогично. Ова е земја каде постојано човек има инспирација за ,,мајтап”. А ако збораме за комедијата, токму таа сатира е постулатот за совршена урнебесна театарска претстава. Ама кај нас, на пример, парадоксално е што ни е забранета сатирата, па мораме да молчиме и низ заби да се смееме. Уште попарадоксално е шо единствениот виц на кој се смееме е вицот за немaштијата или е оној момент кој не тера да се погледнeме во огледало и ете така да прсниме од смеење.

Нашата земја. Зародиш на чудата! Само овде можи да се дотераш со чорапи од три за стотка, да облечиш костум позајмен и да ја опниш ципелата од еднаш на свадба ко си бил (оти та е..една е) и да… ,,лажиш пари”.

Да клајш фејк гердан од на тезги и пази над сето то…да пиеш виска. И во цел тој ,,феик” гламур, ете ти го парадоксот. Седнуваш во ресторан, и доаѓа келнерот. Ти вели повелете, ти се растрчва со нурната гла и искината фута, а ти бакшиш му даваш одважно. Се разбира, бидејќи ова е земјата на парадоксот, келнерот е многу побогат со кркачи од целата таа ,,администрација”, бизнис аутфит и лажни брендови.

Завршва вечерта и дури тебе те чекАт сметки неплатени и реалноста ти намига со едно големо гнасно ,,шептало” шо ти зуе на уво: ,,Плати си го кредитО!”, персоналот шо ти праел ладила и чашитлуци, влегва во тоалет и излегва ко небаре некој скриен мејкап артист внатре да го трансформирал.

Или то или си велиш има она дебелката самовила на Пепелашка манато со стапчето на полноќ. Па дури од тебе само тиква останва, неговиот живот се претвора во луксузно ,,ферари”, со брендли и две коцки мраз.

И дури ти цепаш со бира од кај Мара в хартија завиткана и последен тутун шо го гасиш за да имаш за дома и утре да си покукаш(оти барем цигарите можи да те ислушат), парадоксот си функционира. Вистината е таа! Тој зема поголема плата и нема простор за комплекс!

Нема никој против ништо. Но, сакаме да објасни или…Пак кои сме ние да објаснуваме?! Да се поправам, сакаме да се запрашаме и друга работа или уште еден парадокс. Во оваа земја денес некако работие доаѓаат ,,однопаку”. Па оној со лажниот костум или гостинот е сега некое партиско смрдле шо трчкало да лепи плакати и да раздава флаери, па ете ти сАа го клале на некое функцивче. Али работата заглавила на ,,ич”. Е ова лиглево нема сколија, али има врски. Арно ама има кредити и не знај баш како со животот!

Другиов шо трчкареше покрај лиглево, угостителот, има факултет и да, работи како угостител. Зошто?! Затоа што не должи никому, има чиста совест и не бара браво од непостоечка публика. За него е ,,нон сенс” да гиба во празен џеб или да чека бис од квазиинтелегенции, да бистри политики, да раздава флаери, да потпишва книшки. За него нема, тато, мама, партија, ќе фатиме луѓе… Има само памет, раце и нозе кои заборавиле на его. Па наредниот пат, да пробаме да се воздржите од пстетични солзи и сочуства!

Но, парадоксот останува! Па, дури и Самовилата се има избунето кој да биди тиква, а кој ферари! Сите трчкарат, сите бараат логика. Ама има ли?! Или поточно…А имаме ли избор?!

СН Брокер
To Top