Новости

Битолски трачарлуци

Најголемите катастрофални грешки на свадбите шО упорно ги повторваме!

Кои би биле најбизарните работи што луѓето ги прават на своите свадби?! Грешки кои упорно ги повторваме, шо значи можи и да не се грешки! Оти грешки ко ни е убо?!

Се прај многу галама околу свадбите, возбудата расти не само кај младоженците ами и кај родителите и роднините до трето колено шо прв пат ги гледате на денО на свадбата. Зошто толку циркузи?! Значи стварно нема потреба!

Замислете негде во светО некои чоечиња од шо се трудат нивната свадба да биди уникатна организираат вистински маскембал. И ај да речиме оти сето тO е ок, ама да си го ишлакаш зелен суратО мори невесто?! Шознам…

Паниката околу букетО!

Секундарно алкохоло иди до израз кај немажените момиња кај кои баги иди до израз комплексО и фрустрацијата оти останале немажени! Женската тепачка околу фаќање на буќетО е еден од главните сеири во кои мажите уживаат! Вие жени само продолжете! Јако глупирајте се!

Кревање кредити!

Нема шо да прајме муабет! Сите низ исто врвите! Ќе живејте во еднособен стан со свекор, свекрва, три деца, золва и домазет, ама на свадбата ќе имате чоколадна фонтана, огномет, ќе се чаламите со лимузина и фустан и костум од 1000 евра! Свака час!

Пингвин денс!
Значи зошто?! Стварно нема потреба!

Оххх тешкото!

Иди моментО ко ќе на мажињата во поодминати години му иди да ги експонират запотените мишаци и да попрат чучњеви! Патриотизам демек?! Охх тешкоо нас?! Нема логика!

Фрлање на пари по музиката!

То ти е ко ќе те откости ракијата и си мислиш оти си Леонардо Ди Каприо волко од ,,Wall street” човеече!

Шлакање со торта!

Значи ,,Господ да не исчува”! И шминка и се пуздер се прај! Многу е јако да ги глеАш зето и неестата како се брнџулат и редовно тА прај фаци! Али замисли, ова уше кај нас не е дојдено! Не е, оти пуфлишта се нашите неести! Ѓаол и пол кркачи дават за нивниот изглед и некој ќе ги шлакаааа?!!! Аха!

Подвезицата…

Да се разбериме, пред ова дешавка пејачо треба да О земи микрофонО и да кажи:,,Програма што можат да ја гледаат лица над 18 години”. Ајт децата по дома! Сиктер!

Ко ќе чичко ти од сРансво го земи микрофонО и го спашкува пејачо за да ве поздрави. Се разбира после осумнајстина вискочи!

Пушки и пиштоли!

Има да се пука и се орман да фати! Еднаш се мажи/се жени! А од кај знајш?! Ај можи другиО пат поинаку! (Трауми од детството! И тогаш не ми беше јасно,ама и сеа не ми е!)

И за крај, стресО на принцезата нееста не мора да ги напни сите! Олабајте тро!

GOLD
To Top