Новости

Битолски трачарлуци

Најнов тренд за Први мај – Со ,,спејСшател” на Месечина

Први мај – Асоцијација за скариче, бириче, ракиче… Бла бла бла…

Денес сето то ти иди као хемиско оружје, па овие тиктокериве појќе би преферирале органска храна, перуанска јаготка и смути од исушено авокадо плус цитрон и ленено семе за топење на масти и да, влакно од коњ од Сен Тропе како најдобар антиоксиданс. На пример.

Денес, клинциве нема да замирисАт на скара, па зато дозволено е модниот аутфит да биди комплетно фенси, тренди и урбан.
Музика јачи на блутут со уезбиња и чуда од двајспрви век технологија, наместо старио касетофон или радиото од старата застава и фала Богу нема тука ништо Ју, само некој ,,дип хаУс, транс или чил”, онака лабаво да си крцка во позадина.

Меѓу другото, денес младиве
,,капацитети” имаат широк опсег на идеи и размислуваат надвор од границите, па во предвид идат турите шо не вклучуваат ливади во етно дестинации или во викендицата на прабаба им, ами размислуваат и околу идејата организирано да се фати некое ,,туриче” до Грчка, Истамбул, Албанија, а ене кае и Австрија пример на бан на,, банџи џампинг” за поголем адреналин оти животО еден бил. Мама и тато имале за цело сведителство да цути со петки, оти да немат сеа за Први мај!?

Или ако веќе имАт за на шминкер, ботокс, педикир, додавање и наддавање на клепки одземање и липосукции со фина корекција на нос, гради, задник, папок и уво, би можеле да искористат и превоз со ,,space shuttle” за до Јупитер, Марс, Венера, Месечина или да платат за некоја етно дестинејшн во Свири(*)чино кое преку нивните сто камери со јаки пиксАли и мега пиксАли од најновиот андроид, би изгледало исто ко од друга планета.

Први мај е денес одлична можност да им цути популарноста во однос на дигиталниот маркетинг на инста и со шо почукната храна (веганска без зачини и оправдана од нутриционист) и со шо побрендиран аутфит (Зара, Манго, Најкк, А(Б)идас и бела чАрапа со штиклираното знакче салам над гљуждо), то појќе фолоурс.

За позадински ефект можи да се смисли некој лажен чад од дим од марихуана (нане де), као демек (пак) се пафтате пред скарата и едвај чекате да поткасните тро мрсно, али то е вишок калории човече ,,Ноу Уејј”! Белиот леб е тотален аут освен ако сакаш да ти падни репутацијата. Плус во кадар не смеј да седи тенџере скршено оти Фенг Шуи во тебе не ти дозволва таква глупост!
Муабето до пред некое време за време на денО на трудО течеше поинаку. (Бај д веј, дено на трудО оти небаре сите вработени се, а ако се, младиве секако мора да следат тренд, па работат од дома за америчка фирма или се занимават со за нас квантни физики и биткоинти)

Порано ,,на маса”, т. е. над черџе со најгрда патика од иљадарче и најстар гнасосан партал или тренерка со апликација од ,,Партизан” и задолжителен Тито во некој агол, се оговараше Паца на Миле комшијата шо имала швалер, а денес е тренд да се оговара Толстој на пример, Достоевски, Шарл Бодлер, Чарлс Буковски и да се цитира Фрида Каоло или пак би имале привилегија ако некоја најпопуларна (трендсетерка) од друштвото шо ,,случајно” ја викат Кери Бредшо ви напрај муабет за Коко Шанел дури си дозволва калории од скап шампањ само за да ја повторва снимката кај шо прај живели сама са собом во,, етер” во живо од Марс… или од етно Свири(*)чино или од на прабаба му ,,виљаето”!

,,Све је исто само њега нема! Или и не е баш исто?!”

Чест на исклучоци, ама…

Евротип
SNBROKER
To Top