Новости

Битолски трачарлуци

На одмор со ,,Феријалното” и сега!

На одмор порано: Ќе се земеше некоја приколица во некој камп, ќе се договореше друштво од триестина души се крцкаше со плаќање на рати, со домати, крастајци, скари и мари кои ќе се расчадеа пред приколица.

Фала богу жената над шпоре по цели деној имаше да се чади, а мажО бељотче со другарите онака под стреа ќе плескаше со кило ракија и „жено тури по уше една“!

Ју музика од старата застава, или задолжително фичо шо од време на време се палеше, и можда Натре 40 степени, али се одеше и по други плажи. За децата да ги видат. Внатре задолжително се надминуваше бројката на патници, па со се куфери, душеци, лежалки, дубаци, гуми, мускули тежеше корнеше фиЌото и господски со брмчење, и лазење по пат се крцореше или се чадеше.

Обавезно се земаја пластични столици за на излет, масиња, крпи и еден шкаф алишта за децата. Ќе се опнеше чадоро в песок и ќе се ѕвереше стално мајка ти по тебе:„не ој во длабокотооо!“

Љубејннцата се спружваше на крајО и како неизбежен детал се бркаја мувите околу неа. Оти то беше поентата. Да речиш: „Да ти’**м и мувите и се“.

Купаќите спидо, жените ако се мајки, задолжителен едноделен костим, оти срамота е. ЈогуртО спремен за вечерта оти сто пати на тој малио си му рекол да не моча на секое во плиткото во најжешкото. Изгорени сите, искасани од комарци.

Смрди цел камп од феријалното на кисело млеко, летна манџа, печени пиперки, грав, млеко за тело за сунчање и пипс за комарците. Крвој по нозете, жешко во кампО не се трпи.  Бељот од јутра до сутра и биричиња гајба до стрикото шо ти дошол со стрина од Аустралија на некој ден во кампо, оти уше тие фалеа да се стискате „в спална“.

Фотографии: 3. На една е татко ти со спидото. Фотка 2: Мајка ти насмеана ја меша манџата шо му дава погрешен пример на жените кои со години се борат за некои права. Фотка 3: децата се капат, ти се смеат, а ти гол на плажа вриштиш корниш.

А денес, шо прајме со лежалките, со крпите кои шо срамота е да ги постелиш и на плажа?!

Поранешните „игранки“ сега се сторија во техно журки и тревче за „лабавко да е и да си возиме“, ракијата се замени со некои жестоки пијалоци од ѓаол и пол кркачи и љубејнцата можиш да ја вкусиш едино во некој коктел со смешен алкохол со некој наслов као Секс на плажата, морето, карпите, секс на камењата, школките, моито” и се то со кило мраз со капка алкохол внатре. ЛебО поскапЕ, а не моитото.

Изладени, пијани и дрогирани… Со гости во глата, се секираме за сметките кој ќе ги плати од ко ќе се вратиме дома, а успат си прајме селфи за то колку сме сите ние хепи со статусите како:,,Тревелинг ин д ворлд, бјутифол џурни, анфоргедбл меморис, ридинг бук…“

Се ангажира цел интернет за да се букира собиче во олинклузив хотеличе и да се обезбеди,, флај” до дестиацијата. Фотка: Пред аеродромО кај нас. Фотка 2: Од џамо од авионО и облаците( за да се види оти до џамо седиш). Фотка 3: Од аеродрмо ко ќе слеташ и фотка знакче од местото со големо: Велкам! Фотка 4: Задолжително сликасе нанозете пред вода! И да не ги редиме натаму…Сликите не се чуват, не се клават во албум, само тогаш за тогаш се оти по новото е: „Живеј го монентО“.

Децата Ипак се брцкат во длабокото ама носат мускили, елеци, гуми за пливање квалитетни… И уште несвесни, ама инфлуенсери се. Имат кило фактор стотка и рает се мамичките, па ги сликат по цел ден и ги малтретират за убо да излезат на тик ток. Мамици со книгите по плажи ги оговарат свекрвите и криво му е шо не му зедоја перуанска јаготка и шејк од магдонос и цвекло за јачање на крвта во растО за децата. Успат криво му е и шо не вежбале дотолку, па сеа цел ден мора да се мачат со филтри на сликата за стори.

Али на бегање за дома, пак е тој муабетО. Со тешки депресии едвај се вклопваме во системО, вариме турско кафе и сепак мезнуваме од љубејнцата и бркаме муви. И дури се чешаме од комарците, му раскажваме на комшијата колку имаме прошетано и оти само шо ќе ја поминиш границата друг свет е.

П. С. А комшијата стално оди со „епик“ прашањето шо не би се менало никогаш:,, Дали ви се погоди времето?! “

Евротип
SNBROKER
To Top