Новости

Битолски трачарлуци

Нов закон: Задолжителна дистанца при општење на социјални мрежи!

Забрана да се гушниме, забрана да зборниме, дистанца, забрана да дишиме, забрана за големи собири, забрана за гости, па кај и да е ќе ни се забрани и да се изматуфиме и со гостите во глата на дистанца муабет ќе треба да прајме. Да не можи чоек ни да си шепти по улици!

И ок, се тоа го разграничивме. Изнервирани сме до даска, смачено ни е, живејме во паника, во хаос, 2020 е најлошата година, се здебеливме, се отчоечивме, ни фали гужва, дружба, кафана, дискотека. Ама дали се уште мислиме оти се ова со вирусов не постои?!

Кој тоа ни прави теорија на заговор, а и ако прај, паметни ли сме да дознајме кој се крие зад цело ова фиаско?!

Дали вистина си мислите оти ако напишите еден статус на фејсбук во кој ќе му окарате се до трето колено на админот или ,,СЗОто” или на некој обичен статус од обично-најобично чоече шо си кажало мислење, или на некој новинар шо напишал вест шо ја истражил  за вие мачни души да си прочитате (шо значи ако нејќите и не мора да читате), ќе се реши нешто?! Тука ќе ги исклучиме ,,квази…” статиите чија цел е квантитетот на лајкови, а не квалитетот на текстот внатре. Дали не се чини, оти е доста од суети и од тоа сите да се прајме ,,доктори” и сезнајковци?!

ЗборО е, дали ќе заврши короната ако пуздер сме се сториле во виртуелниот свет, а надвор ко полжај се виткаме и ќутиме оти нели мора тро да се умилкуваме и да..  да се лигајме де. Ставот кој го имате во коментари на социјалните мрежи, надвор е тивок, молчи со свиткана опашка и дреми како да ништо не сте напишале.

,,…И не знам јас шо му текна на Трајчо Корона да фати! Како не му е срам?! “

До кога со тој став и до кога со ставот оти треба со име и презиме да се напишат заболените па и така се враќаме назад, ваЉда ќе стигниме до пештерско време и ќе ги палиме сите болни ,,Вештери”!

И да! Се е тоа теорија на заговор, а и вистина Е, ама само во едно. Ни го сетија ,,Ајкјуто” и баш амеби им требале, та да видат за колку време сами ќе се испоубиме. Дали мислите оти ќе решиме нешто ако клајме појќе извичници?! Се извинувам, извичниците одамна не се во мода, затоа што тие се бренд само на високото општество, а ние пошо сами си клаваме надимаци, граници, поделби и распределби, се опуштаме во толпата и се соединуваме во еден тотален хаос без точки, запирки, со севкупни катастрофални граматички грешки кои патем дури и ќе напоменат оти се бориме за македонскиот јазик.

Што се случува со говорот на омраза бре луѓе?! Зошто залудно си ги арчите нервите и времето пишејќи коментари кои едноставно не заслужуваат никакво внимание?! Ќе речиш зошто?! Оти ,,Војна и мир” побрзо ќе се прочита, него ли вашата реченица шо во превод значи:,,Сакам кажам-незнам речам!”Или : чјкхфрхфццсх лп! Доброооо?!!”

Се е лага, се е местено, се е теорија на заговор и измислица, а инаку што се однесува до цената? Инбокс ќе ве молам!

П.С. Извинете за БитолскиО и ако љуфнав нешто не мора на саатО да ме обесите.

Евротип
Евротип
To Top