Новости

Битолски трачарлуци

Нов тренд во Битола – после кладилниците и црквите, најпосетувани аптеките!

Пласибо ефект после пандемијата – Алал да им е на фармацевтската индустрија!

C витамин, Dвитамин, К… Вакви апчиња, такви, на парче, ленти, толку пари, онолку…Пари, пари, пари! Кесички, прашоци, скочиња. ,,Не се гледаш ти ич! Витамини не пиеш!”- е најчестиО муабет.

Од сите различен, сите кадарни,сите доктори, медицинари. Сите се знајме! Апој еден тон, аптеките ,,вршат”. Ако пред година дена келнерите в меани не можеа да престигнат сАа овие со аптекиве не можат да ,,се донабават”. Се земат ,,вајтаминС” на велико. Да се дрогира на стотка!

Машината појачана или пласибо ефект?! Да не тргниш по доктори ќе ти речат од друга страна, а истите тие не ни одат, али џабе. Исти париња трошат. Шо на прегледи и апој, шо на витамини.

Му падна работата на кладилниците. Луѓето за в црква немат да остат и се молат в казина.

…И секој од нас си има по некој другар, комшија, стрина, тетка, баба во пензија медицинско лице. Та од време на време му ѕвони да го опипва пулсот. До кае ковидО, шо мислење имат за витамините и новите вируси. И сите кажват различно. Нема едно оформено мислење на светско ниво. Да се чуди чоек како учеле. Сите од различни учебници ваљда. Во главниО град – метрополата наша, веќе излезе нов тренд и се фура филмО на психолог. Секој си има по еден. Сите на мака. Живна медицината од секој аспект!

И така, денес тахикардијата е нормална, главоболката е секојдневие, стресот се лечи со седативи, антидепресиви и фала Богу многу мнооогу пријатели!

GOLD
To Top