Новости

Битолски трачарлуци

Ова е тивка новогодишна ноќ, тивок Бадник…али се наоѓа по некое огнометче!

„Коледе бабо коледе…!“

Малку тажно е ко ќе ни текни колку хејтавме околу сите лудвања и предновогодишни и новогодишни забави. Околу цел тој хаос по продавници, тресење и акање на глата на жеништата оти не го нашле соодветниО вСтан за церемонијата, а уште толку е критично шо овај пат, не можат да речат:„Немам шо да облечам!“ нити за журките, нити пак за Коледе и коледарскиО оган. Оти и тогаш, никогаш немаја соодветни алишта!

„.Дај ми едно костенче…Едното за мене…“ 

Тажно е колку е се тивко и немо, а колку до пред некое време ни беше бучно и го мразевме. Сега то истото шо го мразевме ни фали.

Ни фалат огнојте, петардите, огнометите…До душа само то остана и чичковците шо ти излегват онака апансас в чаршија од нигде никаде, па ти велат: „Нешто огнометче да не треба?“ Или па можи само мене ме прашват… Шо му изгледам толку во фацата ко да сакам огнометче, појма неАм. Или имам?! Хм…

Фалат коледарчињата и мајките шо ги терат од дома да дојсат појќе пари и ги форсират да бидат први во се, па дури и во коледарските шеталки, беренки и песни. Фалат тие искомплексирани створења мамички покрај огнојте испоседнати до мажињата пијаничиња за кои денес е еден од ретките деној кај шо му е оправдана пијачката.

Фалат алиштата на „огнопалачите“, т.е. фали стајлингО шо само за Коледе го носат. Онака, сигурно имат шкаф посебен и си пиши:„За Коледе“. Фали организација и фали децата да не се плашат ако помини милиција, ами да се осеќат ко шо треба, безбедно. Али то е. То одамна фали, не е од сеа.

Фали кабадајлукО на тој шо е нумеро „УнотО“ кај огнО. Фалат набиените мускули на батецО шо ја организира цела журка покрај коледарскиО оган. Фали туршивче, варено вино, колбавчиња, костенчиња… Тивко е ова година…

(Па тивко е…Ко не ми идеше умО совреме огнометче да си купам, тивко ќе биди ами шо! Среќни празници!)

„…едно за другарчето…!“

Евротип
Евротип
To Top