Новости

Битолски трачарлуци

Пивото Heineken било само од јачмен и вода, Kока Kолата од кокаин! Да се задума чоек!

Ко за промена, ајде малку да се едуцираме драги трачарски другарчиња, или ајде малку да ги потрачариме големите брендови во светот. Светски имиња кои од кафе муабет, се сториле гигантерии. Па ај можи, ќе ни се посреќи и нас од кафето на Корзо. Немојме да знајме сине!

Јачменот, хмељот и водата биле единствени состојки кои се користат за да пивото Heineken биде неверојатно вкусно. – Така, велат, ама не знам кој го лажат. Замислете да си го знаевме рецептот и сите по дома да си го праевме? Кое кафе кои бакрачи. Хммм…Да се задума чоек.

Кокаинот бил базичната состојка за Кока Кола. Се разбира во многу мала доза од 9 милиграми во една чашичка. Дрогата се мислело дека ја лекува зависноста од опиум и се користела наместо алкохол. Но, сепак нема оправдување нели? Дури во 1903 се отстранил кокаинот од овој пијалок. Замислете само до тогаш колу светот бил „хај“. И сеа баба ми и дедо ми ќе ми кажват колку биле паметни порано луѓето, колку не знаеле за вакви работи и да пазиме оти дроги клавале во кока колата. Ете од кај му дошол овај муабет. Не е то туку така. До коа мислеа да кријат не знам.

Брендот за пиво „Корона“ трпи огромни загуби поради истоимениот вирус. Голем процент од амеиканската популација верува дека, Корона висрусот најчесто ги напаѓал Американците. Па Америка нормално! Нели во секој филм се од таму започнува и се случува. Филм со крај на светот? – Америка. Филм со платени војници – Америка. Паѓа Венера од небото…Каде? Па се разбира дека во Америка. И втор потоп да има, сигурно арката ќе почни да се гради од некој Американец. Освен ако не му се случи нешто од прекумерното пиење пиво „Корона“.

Виното започнало да се пие на исток. Најстарите докази за произвотство на вино, доаѓаат дури од таму. Во Сирија, Турција, Либан и Јордан неодамна откриле семки од грозје кои се смета дека датираат од 8000 години п.н.е. А најстари семки од култивирани винови лози се пронајдени во Грузија. – а ние под Турците бевме, така да да не се лажиме најголеми пијаничиња од стално сме. И не, не боеми. Пијаничиња – да се разбериме другари.

Најголемиот дел од овошјата и зеленчукот содржат алкохол во нив. – зато тие да ти вежбале, да ти терале здрав начин на исхрана. Авокада, мавокада, манго..абе оЈ напи се ко чоек в меана, стегни 5-6 раки, не се камуфлирајте, не се глупирајте.

Милка – Филип Сушард бил човекот кој го измислил неодоливиот вкус на чоколадото Милка. Тоа се случило далечната 1825 година кога отворил малечка слаткарница во Нојшател – Швајцарија. Тука продавал десерти кои самиот ги правел и биле наречени „chocolat fin de sa fabrique“. Во тоа време, чоколадата беше многу темна со горчлив вкус, затоа што во неа не се додаваше млеко. Но, Милка била без млеко , па дури кон крајот на 19 век, чоколадите на Сушард добиле млечен вкус што денес ни е познат на сите. 

 

Брендот Milka се официјализирал во 1901 година од страна на неговите деца, комбинирајќи ги германските зборови за млеко и какао, Milch и Kakao, кои истровремено беа и основните состојки на чоколадите. – и замислете, Сушард го пишело на амбалажата, ама клети внучиња му го тргнале името. Греота, се превртва чоеко во гробО, се превртва. Ту! Јазк!

Nescafe, еден од најпопуларните брендови во светот, за прв пат се појави на пазарот за време на Втората Светска војна и беше еден од главните пијалоци на војската. – епа треба енергија за пау пау, ами како. Да пука срцето, да клокоти машината.

Нестле – Овој бренд започнал со продажба на храна за бебиња. Тоа биле еден вид на житарки, а истите биле пуштени во продажба во 1867 година. – абе ко не ми текни вака и мене нешто…Си имат праено некој паушален муабет за беблаците по дома,си имат чашитено и оп Нестле, оп милјарди, оп парите не си ги знат. Абе ајде…Ксмет. Туку, дај кафе да пиеме на Корзо, ќе ни чкртнат минус, не ој така работата.

GOLD
To Top