Новости

Битолски трачарлуци

Стартоват ,,Афтер Ворк” забавите! – Ќе пука играта по меани

Таман стиши ситуацијата со Васко Жабата, за украсите се фаќате! Тешко на луѓето со вас!

Стартова ,,постпандемискиО синдром” т.н. пуштени од синџири. Уствари одамна требаше да заврши али ваљда ќе си трај. Стартова сикрет санта, афтер ворк парти и најактуелното вонвременско прашање за секој Декември: ,,Каде за нова година?”

… И таман се стиши ситуацијата со Васко Жабата, мостО шо се праел месеци, кучињата скитници на Манаки шо шетале, сеа уште китење и новогодишни атмосфери сакале. Ги заулајвте луѓето, ги заулајвте… тешко нив со вас. Преку лебО погача можело?!

Али од друга страна, види сеа…

Стартуват елките на богатите шо се китени и од позади. Светнуват по пет – шест пакети сјалички, дури и за во двор и на балкун, за да се чудат будалите. Синкир Калифорнија сме или во то новото селце на дедо Мраз шо до пред некој ден во Лапонија живееше.

Почнува паниката за алишта, брендој, зари, мари, штиклиња, ципели… Али и то не е Опрезно и претпазливо размислување. Поарно спремете си се со време за евакуација, од кај знајте… Да не има некоја дојава. Или па манете од пред време некоја ракија, па нека пука, нека чади, нека фрЉет петарди во длабокото.

Барем си велиш, стално стаклената ја имаме како светско чудо.

Почнува најтешката мозгалица во време на рецесија и криза (а пустото ни бара душата мрамор да се сториме):,,Кај ќе сеОј, кој ќе пеј колку пари картите, ордевер, малдевер, свинска полутка, неограничена пијачка, мени… Ааа многу скапо, ама ќе ојме оти еднаш се живеј.”

Почнува хејтањето околу новогодишната програма за вечерта на плоштад. Оти викнале пејач? Оти не викнале? Шо сторе еден огномет пукнаја, се шинаја? Шо туку дават пари за китење, скапа струјата, дај му на некој шо нема. Ц ц ц ништо немат украсено.

Стартова моментО на овие тим билдинг беренките и реално ,,те поштовам – ме поштоваш” само на слика шо се има, а ,,да живеЈме” само на  кило ракија се вели, инаку е измислена именка.

Почнуват селфиња, сториња, закупвања на места, план за качвање до месечина за најлудата ноќ, како и план пред то. За овие тиктокеркиве, инфлуенсерките, трендсетерките, овие хелти коучојте со грејпфрутојте, авокадото, морковчето, лимоните, заврши детоксикацијата и сега можи да излезат ѓаолите од нив со албуми од скромни 150тина фотки во фолдери како ,,Crazy New Year” или ,,The best new year! Еver! ” иако под маса дремеле цела вечер со смартфонО в раце.

За крај, би искористиле ушЕден статус:

,,За пола месец, ова време ќе викате ,,Ало, алооооо… Ме слушаш? Паднати се мрежите, среќна нова година” .

Кој ќе ве трпи, кој ќе се трпи кој ќе не крепи?! Само Чак Норис та работа. Само не заборавајте оти и после ова апчиња треба да клукаме. Од кај и за то пари гад демет!

Не оговараме, само битолски онака си трачариме… Да се најме во муабет де! А каде за нова година иначе?

Евротип
SNBROKER
To Top