Новости

Битолски трачарлуци

Прашање до сите постари баби и стринки: Зошто имате фејсбук профили?

Расчистивме оти денес секој има пристап на социјалните мрежи, од младо до најстаро. Уште на кучето шо му неам напраено профил. (Не оти имам куче, замисли да имав?) Али ко шо глеам по социјални мрежи и тие си терат со профили. Башка познати се, негувани и далеку побогати од нас.

Фејсбук имат политичарите, големите, а и малите Љуѓенца. И се тоа е ок, али шо се дешава со овие стринкиве и бабите? Шо прат на фејсбук? Кој му го напрајл? Чест на исклучоци, али збораме за оние шо се киселат со коментари, статуси, пет минути сколија со се одоморO, ама ни срам ни перде, влегват во дебати и кај шо треба и не треба.

Најјаки се ко ќе му искоментират на Шакира или Кардашијан на пример: „Да ти се здрави и живи децата!“ ко синкир му се први брачеди. Или:,,Да се ќердосате! Со срњќа да ви е во заедничкиот живот!”,  ако станва збор за некоја свадба на познатите и популарните. Брачедите де!

Уште појаки се ко ќе се смешат во политика, али најопасни се ко ќе почнат да пцујат и колнат и да се пуфкат со то оти во нивно време инаку било.

И сега истите тие, ќе делат совети за младите и ќе ги поучват внуците, а некни на ѕидО на комшивката Лилето му напишала: „Утре сабајле те чекам на топла ракија!“ Ама има и полоша вистина од ова, оти ова беше само почетокот во инволвирањето на сите во социјалните мрежи. Ко си пишеа по ѕидој, а не во чатоЈ! Сега е поопасно оти научија да баратат на интернет и знат да пишат. А шом знАт да пишат има ли шо да кажат? Зошто не си ќутат? Прашањето уствари е до децата и роднините:,, Има некои внучиња таму да ја стопират и регулирар работата или како оди работата?!” Режија? Се слушаме?!

СН Брокер
To Top