Новости

Битолски трачарлуци

Предновогодишните забави на ,,дрим тимовите” повторно актуелни! – Ало режија? Дали се слушаме?

Не се издржа без многу работи денојве пред Нова Година, ама најтежок е моментот ко ќе ни текни колку само фалат фотките од предновогодишните ,,колегијални” забави. Тие ,,дрим тимојте” кои вклучуваа лицемернички чоечиња, шо на секоја пауза се мразеа и колнеа и плукаја и пцуеА… Али овие денови, лицемерието се камуфлираше со бокалче до две, три и повеќе ракијади и мезалуче. Фали тој момент кога во текот на цела година сите кукат колку немат работа или колку си го мразат животО ради работата, а некаде пред празничната ноќ, сето то се замачкуваше преку боемштилукО. (БоемштилукО или…како беше?!) Се фалеа со нови челиња, нови вСтанчиња, шминки, фризој и сто кила пудри и исто толку ,,фотошопирања и филтри”.

Али…таман ќе си помислиш оти запрел цел тој фалбаџилук од ,,тимовите кои секогаш победуваат” и по втората чаша многу се ,,поштовАт”, глеаш оти не е баш така. Тимовите се секогаш тука за да те потсетат оти тие лани таму биле и ногу јако си врвеле. ,,Шеар фејСбук мемори” и приказната е повторно актуелна. Дерман да се немало!


Фали прашањето ,,Каде за Нова Година?”Фали траштањето по бутици, низ чаршија и корзо. Фали потрагата по ,,најПинк продакшн” халина од страна на модните блогерки кои порано без филтри шетаја на Корзо али сега се помодерни и унапредени во виртуелното Корзо наречено:,,социјални мрежи”. (И таму ги цаурат. Очигледно појќе и очигледно му прија!)

Фали музиката, предновогодишните журки, детските претстави на плоштадО, сликање со Дедо Мраз…

Фалат распеани кафани, кафичи, отворени кафулиња, дискотеки, гужви, рокенрол, техно, џез…Фали друштво, фали нешто пред овај смак светА.

Фали да се запрашаме шо мислевме оти сакаме да заврши, а денес сфаќаме оти сме се лажеле. Фали преполн парк, Корзо, театри…

И тоа како фалат декорации и Бетменското светло од сатО (не оти нешто многу беше, ама пак фали). Фали хуморот, фали младоста, фали се што имавме, а мислевме оти го немаме. Фали времето пред вируси, карантини, земјотреси…

Фали да се запрашаме каде згрешивме и што треба да поправиме! Фали детски џагор, фали воздух без маски, фали љубов, а не лицемерие, фали зборање и нормален муабет, а не говор на омраза.

…И се така нешто ни фали, ама најмногу фалат луѓе во нашите срца! Изгубивме многу, но не е прашањето:,,Зошто?!” туку:,,Што научивме и што понатаму!” Фали малку повеќе оптимизам и искрени желби. Фалат фотки без филтри и слики од кафеани со оние кои ги сакате. Не фали лицемерието и не, не мора да не потсеќате на тоа колку ви беше убО лани, оти сите знајме…не ви беше, ама вие не се жалевте. Се сликавте.

Што понатаму! Кој е следен чекор? Како ќе влезат овие битолски чоечиња, кабадаи, конзулски боемџии во новата година?! Храбро, мудро… или?

Нека е Среќна Новата 2021 мои драги трач пријателчиња, чувајте се и бидете здрави, живи, весели со тро појќе ум во глата… и се разбира започнете со добра мисла! 😁

Евротип
Евротип
To Top