Новости

Битолски трачарлуци

Преку глава ни е од се!

Преку глава ни е од политики. Преку глава ни е од вести, претпоставки, избори и прилози кои кажуваат за светот оти се распаднал. Преку глава ни е од констатации дали вурусов умрел или не! Преку глава ни е од турски серии и умО исперен! Преку глава ни е од луѓе шо плачат по некое минато нивно:,,Ех во наше време…!” Преку глава ни е од гастрбајтери и нивни кукања по конзулски град кој им фалел, а први ги спаковале куферите. Преку глава ни е од патриоти, а и преку глава ни е и од овие другиве! Преку глава ни е од лаги, интриги и лажни другари!

Преку глава ни е од исти та исти муабети и празни и неиздржани констатации! Преку глава ни е од:,,She sed yes!” и мамички и:,,Уживајте дури можите”. А исто толку преку глава ни е и од:,,Овде е џабе! Не мОјш да уживаш!” Преку глава ни е од квазиинтелегентни судии и неуки и ,,уки”! Од исто толку ,,елоквенции” и кочијашки муабети под статуси! Преку глава ни е од сарказам, негативни брблајци, комшии и нивни трачарлуци! Преку глава ни е од:,,Шо ќе речат другите!”Преку глава ни е од непишани правила кои мора да се почитуваат! Преку глава од фотки на кои лажирате оти ви е убаво, а многу убо знајме оти не е баш сјајно! Преку глава ни е од камужфлажи и измислени приказни! Од суети, од его, од:,,Поќути си и попушти!” Преку глава…

GOLD
To Top