Новости

Битолски трачарлуци

Ракиичка е најубајО тест за корона!

А ова година шо прајме за елката? Ќе ја китиме или нема расположение? Ќе пејме елко елко порасни или ич нека не расти? Само ко ќе ми текни лани за Нова Година колку Љуѓенца си ја удрија глата од часија за лудата забава, ексик.

Абе ко ќе не знајш шо ти влегва в куќи… Тaка и ние не знаевме шо година ни иди. Барем да знаевме шо не чека и од тогаш да се спремевме на овај стрес од 2020. Или да си напраевме совреме нацрт бизнис план за тезга на пазар спремна со диазепами, лексилиуми, хелекси… Милионери ќе станевме.

Ехх да знаевме шо не чека. Можи немаше да кукаме толку оти не ни се прај ќеф за ништо, ни се здосадиле дружбите, кафаните, кафичите. Ќе знаевме совреме дека не треба на секое да го отвараме фрижидерО оти од него не стресират на секое овие големите. (Ко ќе речат уште од фрижидер да ни излегват, епа ни излегват. ) Ни излегват хорор филмови наречени вести, не плашат да живејме, да дишиме. Остај дружбите, знајме знајме… маска и дистанца! Него шо прајме со умО?! Здравството го криви народО оти не е дисциплиниран…
НародО го криви здравството. Политиката вели оти ништо не ни чини, а ние си кукаме и се расправаме по социјални мрежи.

Одамна се оттуѓивме од бонтон, култура, правопис, воздржување од пцовки. Баук е да си воспитан. Баук е да си добар. Баук е да не се нервираш и да го колниш другар ти шо фатил вирусО, а се дружел со тебе. И баук е да не речиш:,,Како не му е срам! Како смееше да се зарази!” Постојано бараме кривци, се некој ни е виновен, ама што превземаме? Само се мразиме, се оттуѓуваме и полека умираме. Од се, само не од неиспитаниов вирус…
И сега најстрашно е што треба да се носиме со цела ситуација и да кризираме за седативи во моментО ко ќе си напрајме филм оти не ни е арно. Не од Корона, ами од шо било! Нема место! Нема место! Тука или на секаде во светов?!

П.С. Предлагам да си туриме по една ракиичка. Ако мириса арно, ако не, уште една манете можи ќе пробие. Јас вчера десет пати се тестирав.

GOLD
To Top