Новости

Битолски трачарлуци

Сите си имаме гајлиња, кој свои, кој туѓи!

Секој си има грижи, ама некој си има свои, некој туѓи. Сите некако сме вработени во министерство за туѓи гајлиња и константно се секираме дали му се дупнала гумата на колата на комшијата, колку швалерки има Миле, како го клале директор Целе, како така да си живеат јатрви, а браќата искарани, кој од шо партија е и зошто, колку сати оди Паца на работа и како ѝ се исплаќа за толку пари.

Сите си имаме свои и туѓи гајлиња. И види, не е мала работа да се секираш за светО. Кај за тебе, па и за светО. Сите си имаме свои гајлиња, и си имаме туѓи гајлиња, па мора да ги решиме. Мора да си најдиме време, како знајме и умејме, па да му реплицираме на Панде под статусО оти не, не е во право. Сите си имаме гајлиња, сите си имаме мислења и наше е да го напрајме „попаметен светО”. Оти мора сите ко нас да мислат. Сите сме во улога на 007 и синето со најскапа лимузина мора да е присутен тука, на ,,шеталиште”, в чаршија, на Бајро, Камен мост, Генимале, Црн мост, стара Болница, Маџар Мале, Демир Хисар, Бардовци… Сегде за за сите. За арно, лошо… тука да сме.

Сите си имаме гајлиња…

Евротип
SNBROKER
To Top